Втора обука за жени-менаџери во Охрид и Скопје

by ugostitelstvo.mk

Со оглед на успешните резултати и големиот интерес, Regent Hospitality повторно организира ОБУКА ЗА ЖЕНИ МЕНАЏЕРИ ВО ХОТЕЛИЕРСТВОТО.
Овој пат во две последователни сесии, кои ќе се одржат во Охрид и Скопје.

Под влијание на традиционалниот приод и сфаќањата на средината во која работи жената менаџер, хотелско угостителскиот бизнис не се разликува многу од другите стопански дејности. Оваа работна позиција, од аспект на полова диференцијација, на жената менаџер не би требало да и задава дополнителни потешкотии во работењето. Сепак, истражувањето покажува дека 70% од жените менаџери се стекнуваат со потешкотии и тоа токму во делот со комуникација како со гостите, така и со вработените. Посебно ова се забележува при справување со незадоволни гости.

Која е целта на оваа обука?

Целта на оваа обука е стекнување и унапредување на знаењата и вештините, за да се постигне поуспешна комуникација со гостите и со вработените во хотелските објекти.

Оваа обука ќе биде интензивен курс на стекнување теоретски знаења и практични вештини, кои ќе се стекнат преку обработка на следните теми:

  • Соодветно однесување со гостите
  • Потребни вештини во угостителството и нивна примена
  • Справување со поплаки од гости
  • Прием и комуникација со гости
  • Почитување на различностите кај луѓето
  • Тимска работа и улогата на менаџерот во хотелот и ресторанот
  • Справување со несекојдневни ситуации
  • Процес на комуникација
  • Давање и примање на информација
  • Решавање на конфликти

Обуката е дизајнирана да се реализира во 2 дена, а целите ќе се постигнат во сесии составени од практични и интерактивни вежби пропратено со теоретско предавање.

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ВИДЕТЕ ЈА ОБЈАВАТА:
https://www.regenthospitality.org/mk/obuka-za-zeni-menadzeri/

За повеќе информации, слободно обратете се на [email protected] или на 02 3119 615


РЕГЕНТ Групација ДОО– Скопје
ж-сметка:  300 000 004 120 014  |  Комерцијална Банка
едб:  4030006617647
тел/факс:  +389 23 119 615

Слични написи

Leave a Comment