Правила во кујната кои мора да се прекршат

by ugostitelstvo.mk
готвење

Кога зборуваме за готвењето, многу од нас веруваат рецептите за готвење се преполни со тешки задачи и правила кои мора да ги следиме за резултатот да биде ист како на сликата. Но дали знаевте дека готвењето има повеќе правила, а некои од нив едноставно се направени да бидат прекршени и никогаш да не се следат. 

1

Гледано во пракса, времето за подготовка на јадење е само препорака колку тоа од прилика би требало да се трае. Почнете со подготовка на вашето јадење за што е можно пократко време, според препорачаното во рецептот, а штом го надминете ова време подоцна само надгледувајте го јадењето и завршето со готвење штом вие мислите дека е потребно.

2

Отварањето на рерната никогаш нема да кажеме дека е добро или препорачано, бидејќи со секое отварање на рерната таа ја губи постигнатата температура и го зголемувате времето на печење.

3

Доколку сакате да ја поставите свежо пржената храна на хартија за да го впие маслото, тоа е сосема во ред, но не ги оставајте предолго. Верувајте, колку што мислите дека е корисна хартијата, таа исто толку може да биде и штетна. Наместо хартијата, подобра опција би било да го поставите прженото месо на решетка за комплетно да се исцеди маслото.

4

Користењето на точната грамажа за подготовка на вашето јадење е многу битен фактор, но сепак не можете постојано да се водите според рецептата, секој од нас има посебна желба и потреба од повеќе или помалку зачин во храната.

5

Мислевте дека е потребно само да влезете во кујната и да готвите, во ред, но дали сте се запрашале колку време имате изгубено додека од едно до друго место во кујната ги извадите состојките. За промена, пробајте да ги соберете сите потребни состојки на едно место, да речеме на работната маса и да почнете со готвење, на крајот ќе се изненадите од заштеденото време.

Слични написи