Задржете ги лојалните гости

by ugostitelstvo.mk

Привлекувањето на нови гости е несомнено важно за секој хотел во индустријата, но добрите хотелиери знаат дека е подобро да инвестирате во задоволување на потребите на Вашите гости кои потоа ќе се враќаат постојано кај Вас. Денес, многу е лесно се прочита ривју (review) за одредерн хотел преку кое се гледа како се третирани гостите во него. Затоа, хотелите мораат да ги исполнат сите очекувања на гостите, а во одредени случаи и да ги надминат. Овој тип на грижа за гостите ќе ја зголеми репутацијата на хотелот и ќе осигура постојани и лојални гости. 

Избегнувајте да ветувате премногу, туку направете најмногу што можете

Запрашајте се каква целна група привлекува Вашиот хотел. Важно е да го знаете одговорот на ова прашање затоа што многу од хотелите со 3 ѕвезди се рекламираат себе си како луксузни. Можеби овој метод на работа ќе Ви донесе нови гостит во моментот, но заборавете дека тие ќе се вратат повторно во Вашиот хотел на следното нивно патување. Зошто? Затоа што Вие не сте ги исполниле нивните очекувања. Наместо да ветувате премнногу, направете најмногу што можете. Доколку Вашиот хотел е пониско буџетен и се наоѓа во центарот на градот, Вие ќе привлекувате многу млади луѓе. Доколку ги изненадите гостите со Вашиот труд околу нив, тие ќе Ви се вратат одново и одново.

 

Препознајте ги лојалните гости

Гостите кои повторно се враќаат во Вашиот хотел, секогаш треба да Ви бидат први на приоритетната листа. Тие доаѓаат одново Вашиот хотел затоа што правите нешто добро, но ако ги препознаете (и наградите) за нивната лојалност, тие уште повеќе ќе бидат среќни со Вашата услуга. Наједноставниот начин на заблагодарување е доколку им понудите разни попусти, но сепак да направите тие да се чувствуваат како дома е многу поважно. Никогаш нема да згрешите доколку направите Вашите гости да се чувствуваат посебни. Токму затоа е важно Вашите вработени, особено рецепционерите, да ги знаат сите ваши лојални гости и на посебен начин да ги добредојдат во Вашиот хотел.

Дознајте повеќе за Вашите гости

Еден од најдобрите начини да знаете што да правите во вашиот хотел е да научите повеќе за Вашите гости. Без разлика дали е преку ривјуа (reviews) или краток разговор пред да си одат, колку повеќе научите за искуствата што тие ги имале – толку повеќе информации ќе имате доколку сакате да смените нешто во Вашиот хотел. Затоа е секогаш добро да ги охрабрите Вашите гости да оставаат рувјуа, а Вие можете да дадете нешто за возврат. Доколку успеете да дознаете какви работи очекуваат Вашите гости од вас, ќе имате поголем успех да се спремите и да ги надминете нивните очекувања.

 

Останете во контакт со вашите гости

После престојот на Вашите гости, Вие можете да пратите email и да ги прашате каков беше нивниот престој и дали имале било какви поплаки. Понатаму, Вие можете да праќате билтени во зависност од активностите на Вашите гости во хотелот. Комуникацијата со гостите е еден од најдобрите начини да бидете сигурни дека тие нема да заборават на Вас. Секако, честото праќање на емаил може да доведе до контра-ефект и затоа се препорачува добро одрбана содржина која ќе ги засега токму нив. Доколу тие Ве следат на социјалните медиуми, тоа ќе Ви ја олесни Вашата комуникација со нив.

Водењето на хотел може да има многу бенефиции доколку знаете како да го водите. Најважната работа е да бидете флексибилни околу политиката на работење и да имате место за адаптирање доколку е потребно. На пример, доколку некој сака побрзо да се одјави од хотелот бидејќи има обврски – ќе се создаде фрустрирачка ситуација ако Вашите вработени го замолат да пополни формулар за евалуација на хотелот. За да не дојде да таква ситуација, потребно Вашите вработени да се флексибилни онаму каде што можат, што понатака ќе доведе до поголем број на задоволни гости. Преку овие начини на водење грижа за вашите гости, ќе ја стекнете нивната лојалност и ќе го подобрите вашето работење.

Слични написи

Leave a Comment