Еве неколку совети што треба секој од вас да ги почитува кога оди во ресторан:

  • Чинијата со супа или чорба секогаш треба да ја држите навалена од вас кон масата;
  • Немојте никогаш да сечете големи парчиња месо;
  • Пилешко се јаде секогаш со нож и вилушка;
  • Лебот се јаде со кинење помали парчиња од кришката;
  • Раженчињата од стапчето се вадат со вилушка, а не со рака или со нож;
  • Овошјето што има лушпа, на пр. jаболка или праска, не се јаде заедно со лушпата, туку се лупи со нож;
  • Тестенините не се сечат со нож;
  • Во ресторан влегува прво господинот;
  • На излегување од ресторан прва излегува дамата;
  • Секогаш кога сте во друштво на дама, дамата прва почнува со јадењето;
  • На маса во ресторан, машкото седи спроти дамата или на нејзината лева страна;
  • Послужувачот (келнерот) секогаш го повикува господинот;
  • НИКОГАШ  не почнувајте со јадењето додека не се послужат и другите;
  • Господинот ја поздравува дамата потстанат;
  • Доколку вашето јадење доцни дозволете им на другите да отпочнат со јадењето;
  • Доколку поканите друштво во ресторан, претходно секогаш резервијате маса;
  • Гостите во ресторан не си точат сами вино;
  • Кога сте во друштво на дама, секогаш вие (господинот) платете ја сметката. Доколку сака дамата да партиципира тоа направете го надвор од ресторанот;
  • Потрудете се да не бидете последниот кој ќе остане на масата да јаде или пие;
  • Доколку не пиете алкохол слободно можете да наздравите и со вода;
  • За време на здравица не е пристојно да се јаде;
  • Додека ручате, лактите не ги наслонувајте на масата;
  • Помеѓу два ганга (изнесување на храна), рацете не ги држете на масата;
  • Платнената салфета се чува на скутот , а не околу вратот;
  • Чашите за вино се држат за столчето, со помош на три прсти;
  • Во ресторан господинот ја бира масата, но во договор со дамата;
  • Господинот не треба да седне додека дамата не се смести удобно;
  • Господинот порачува пиење и храна, но претходно се консултира со дамата;
  • Доколку послужувачот (келнерот) не и стави за пиење на дамата, тоа треба да го стори господинот;
  • Во ресторан дамата не треба да си ја поправа шминката или косата. Сепак, доколку има потреба тоа да го направи треба да оди во тоалет;
  • Кога дамата ќе стане да оди во тоалет, господинот треба да стане и да и ја повлече столицата, исто така и кога ќе се врати повторно треба да стане и да и ја повлече столицата да може удобно да седне;
  • Доколку за време на јадењето ви се случи да ви падне прибор или храна на маса или на под, послужувачот (келнерот) е должен тоа да го расчисти и да донесе нов прибор. Вие немојте тоа да го правите. Исто така немојте да се извинувате или да се правдате. За ова на крајот наградете го послужувачот (келнерот);
  • На крајот од престојот во ресторанот, послужувачот (келнерот) наградете го доколку коректно си завршил работата;
  • Бакшишот обично изнесува 10% од сметката, доколку е заслужен.

Слични написи