Ребрендирање на Вашиот ресторан – што треба да знаете

by ugostitelstvo.mk

Освежување на брендот, односно ребрендирање на Вашиот ресторан е еден од начините да го осигурате неговото работење на поефективен начин. Ребрендирањето се случува кога конкуренцијата се зголемува, потребите на гостите се менуваат брзо или едноставно сакате да му дадете нов изглед на ресторанот. Која и да е причината за ова, нов почеток е секогаш добредојден доколку знаете кога и како тоа да го направите.

  • Утвредете каде Вашиот бренд моментално се наоѓа

Пред да направите било какви промени, Вие мора да утврдите како Вашиот ресторан моментално работи. Што правите добро и каде би можеле да се подобрите? Првата работа што треба да ја направите е да ги анализирате Вашите апекти на работа и да видите што би можеле да кажете за Вашиот бизнис. На пример, дали луѓето повеќе трошат на храна или пијалоци? Дали имате посебни понуди за јадења што ги нудите, или одржувате интересни настани по кои сте препознатливи? Исто така, можете да спроведете мини истражување помеѓу Вашите најблиски, Вашите гости и Вашиот персонал за тоа како тие сметаат дека Вашиот ресторан работи. Тоа би требало да Ви даде основна идеја за тоа на кои аспекти од Вашето работење Вие треба да се фокусирате во текот на ребрендирањето.

  • Историјата на Вашиот ресторан

Доколку Вашиот ресторан постои подолго време, тогаш имате голема среќа; повеќето компании плаќаат огромна сума пари на маркетинг агенции за тие да креираат реалистична приказна во позадината на нивното работење. Ако сте во можност, треба да соберте што е можно повеќе податоци за Вашиот ресторан и константно да ги користите во Вашиот маркетинг. На пример, доколку Вашиот ресторан е семеен бизнис, тоа е одлична прилика да потенцирате дека во Вашиот ресторан, гостите ќе се чувствуваат поудобно и ќе бидат пријателси услужени. Без разлика каква е историјата на Вашиот ресторан, треба да им потенцирате на Вашите гости како таа ќе биде од нивен бенефит.

  • Инспирирајте се од конкуренцијата

Кога се размислувате за ребрендирање, важно е да обрнете внимание што Вашата конкуренција прави подобро од Вас. Посетете ги нивните локали да видите како работат нивните вработени, што тие нудат во своите менија и какви пијалаци послужуваат. Некои маркетинг компании кои специјализираат во угостителството, објаснуваат дека преземање на мали идеи од конкуренцијата може да биде корисно. Како и да е, многу е важно да не ја копирате конкуренцијата, туку едноставно да ја искористите како инспирација.

  • Реновирајте го ентериерот

Доколку сакате да го ребрендирате Вашиот ресторан правилно, сигурно знаете дека треба да му дадете нов и свеж изглед – особено ако ентериерот никогаш не бил обновен од отворањето на ресторанот. Всушност, многу од рестораните кои работат долги години се обновени уште во првиот момент кога ќе започнат да изгледаат застарено, без разлика што во тој момент не се ребрендираат. Потребно да знаете во кој правец се движи работата во Вашиот ресторан, со цел да го најдете соодветниот излглед на ентериерот. Доколку имате тематски ресторан, препорачливо е истиот да го долови амбиентот и уникатноста на тематиката. Од друга страна, одлучете се дали би сакале да имате помодерен или потрадиционален стил. Идеално, стилот кој ќе го одберете треба да биде воедначен од влезот на ресторанот, па се до тоалетите. Никако не ги заборавајте оние аспекти како на пример колку маси имате во план да поставите и каква музика би сакале да пуштате. Се ова ќе се вклопи одлично во креирањето на конечниот изглед и амбиент на Вашиот ресторан.

  • Користете ги социјалните медиуми за двострана комуникација со Вашите гости

Во случај ако се уште не користите социјални медиуми за промоција на Вашиот ресторан, ребрендирањето е одлична можност тоа да почнете да го правите. Постојат повеќе од 200 милиони објавувања обележани со #food (#храна) и 23 милиони објавувања обележани со #drinks (#пијалоци) на Instagram. Луѓето се опседнати со споделување на што тие јадат и пијат, што значи дека и Вашите гости ова веќе го прават. Според одередени истражувања, 88% од луѓето одлучиле да посетат некој ресторан само поради тоа што го виделе на социјалните медиуми. Доколку внесувате новитети во Вашето мени, споделена фотографија од новото мени може да Ви донесе многу потенцијални гости кои би сакале да ги пробаат новите специјалитети. Од друга страна пак, и доколку добиете лоша резенција (review) на Вашиот ресторан, одговарањето брзо и правилно ја покажува Вашата професионалност. Затоа, доколку би сакале да привлечете поголемо внимание и повеќе гости, препорачливо е веднаш да го зголемите користењето на социјалните медиуми.

  • Одржете настан за промоција на ребрендираниот ресторан

Од исклучителна важност е да го отворите Вашиот ресторан со голема прочуеност, а најдобриот начин да го постигнете ова е доколку одржите настан каде што ќе го промовирате неговото ребрендирање. Планирањето на настанот предвремено, ќе создаде голема заинтересираност кај гостите и ќе даде до знаење дека ќе се вратите “во игра“ со нов изглед. Одбирањето на датумот за овој настан е многу важно. Проверете дали на тој ден ќе има други настани и случувања во градот, со цел да го имате потполното внимание свртено во Вас. Очекувајте дека таа вечер Вашиот ресторан ќе биде навистина полн. Затоа, не е препорачливо да го понудите целосното мени, особено ако Вашиот тим не е спремен да ги подготви сите јадења. Најдобро е да понудите помали порции и никако не ги заборавајте веганските и вегетаријанските избори на јадења.

 

Слични написи

Leave a Comment