Причината за слабата посетеност

by ugostitelstvo.mk

Вашиот бар е отворен, пијалоците се спремни, а персоналот позитивно настроен и ги чекаат гостите да послужат со нивните омилени пијалоци, но каде се гостите? Исто како и секој сопственик, Вие сакате Вашиот бар да биде полн со гости, а вечерта да ја затворите со добра заработка, но честопати се случува и некоја од вечерите да не ги исполни вашите очекувања. Прочитајте ги овие неколку корисни работи кои кажуваат зошто некоја од вечерите не ги исполнува Вашите очекувања.

Лоша економска состојба:

Ова е најголемата вистина за случувањата во угостителството, тука не можете ништо да направите. Гостите нормално дека излегуваат по барови и кафеани, но во лошите економски услови сите излегуваат со ограничен буџет за трошење, а тоа се одразува на Вашиот бизнис.

Цените на храната и пијалоците се превисоки:

Ова оди заедно и горенаведената причина, доколку гостите се со ограничен буџет за вечерва, а вашите пијалоци се малку “солени” со цена, со сигурност вечерва заработката ќе биде пола од тоа што очекувавте. Тоа не значи дека Вие треба да ја преполовите цената на сите ваши скапи пијалоци, туку понудете пијалоци и храна за сечиј џеб.

Маркетинг:

Настрана од happy hour, задолжително е секој објект да има некаков вид на маркетинг или промоција, не е доволно само да ги отворите вратите и да чекате гостите од некаде да се појават, потребно е нешто да ги примами за да влезат кај Вас.

Полн бар, слаба вечер:

Нормално гостите не секогаш се расположени да испијат премногу или да го нарачаат специјалитетот на куќата, но не е само тоа една од причините поради кои тие се “пазат”. Работните обврски се исто така мал причинител поради кои тие внимаваат што и колку вечерва ќе испијат. За да би го надополниле губитокот од работната недела, викендите Ви се одлична можност да го надополните изгубеното, со понуда на кратки коктели за половина цена или попознато кажано happy hour.

8529170_l

Здодевно мени:

Креативноста искористете ја во декорирањето на Вашиот објект, но и во самото правење на Вашето мени. Направете понуда која ќе им отвори на гостите голем апетит. Без ова, Вашата заработка може да биде многу помала од што би сакале, затоа инвестирајте време и пари за подоборо мени, бидејќи би имале големи бенефити.

Слични написи