Информација за престојната обука за жени-менаџери во хотелиерството

by ugostitelstvo.mk

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Во хотелската индустрија има голем раст на жени кои работат во неа, но само неколку од нив се наоѓаат на високите работни места. Хотелскиот сектор е доминиран од жените во просек од 55.5% од целокупната работна сила, но менаџерските позици се завземени од мажите, препуштајќи им ги работните позиции како делот за оддржување на соби, маркетинг и рецепција на жените.

Истражувањата покажуваат дека жените се подеднакво способни како мажите, но и поседуваат вештини кои се поефикасни во контекст на угостителската индустрија. Жените се погрижливи, повеќе обрнуваат внимание на детали, подобро ги разбираат потребите на гостите и имаат подобра комуникација со останатите. Сепак, причината зошто жените се помалку застапени во менаџерските позиции е затоа што тие повеќе бараат баланс помеѓу работата и семејството, но и затоа што имаат недостиг на уверливост. Уверливоста е круцијална кога станува збор за комуникација со гостите и вработените.

Знаејќи ја состојбата на хотелската индустрија и позицијата на жената во истата, Regent Hospitality одржува обука за жени – менаџери, со цел стекнување и подобрување на комуникациските вештини. Обуката ќе биде одржана во хотел Холидеј Ин од 30 ноември до 1 декември 2017г.

Повеќе информации за обуката можете да најдете на следниот линк, или јавете се на 02 3119 615[/vc_column_text][vc_btn title=”Повеќе информации за обуката” color=”peacoc” align=”center” link=”url:https%3A%2F%2Fwww.ugostitelstvo.mk%2Fnov%2F2017%2F11%2Fobuka-za-zheni-menadheri-vo-hotelierstvoto%2F|||”][/vc_column][/vc_row]

Слични написи

Leave a Comment