Правилно уредување на угостителски објект

by ugostitelstvo.mk

Секој гостин своето време за опуштање и дружење сака да го помине во убав и пријатен простор. Со сигурност можеме да кажеме дека уредувањето на објектите може да придонесе и да влијае кон одлуката дали гостинот ќе го одбере Вашиот ресторан или не.

На угостителите, главна цел им е на гостите да им овозможат да се чувствуваат како дома. Важноста на ентериерот и екстериерот на угостителскиот објект се од исклучително значење и инвестирањето во тој дел од работата повеќекратко ќе се исплати. Пред да започнете да го уредувате Вашиот објект, проучете ги можните стилови кои Ви се на располагање. Притоа, размислувајте како би се чувствувале Вие како гостин во така декориран и  уреден простор. Има многу стилови и најдобро е да изберете една опција кон која ќе се водите.

декорација на ресторан

Доколку немате експерт, или ако Вие самите не сте експерт за уредување на екстериер и ентериер, не мешајте ги различните стилови бидејќи лесно може да се изгубите во тотален хаос. Не заборавајте да размислете за големината на некои простории, како што се тоалетите, кујната и шанкот. Бидете сигурни тоалетот да не е премногу мал, бидејќи  гостите најлошо се чувствуваат кога не можат да почуствуваат удобност во тоалетот или да се разминат во ходникот. Имајте во предвид дека тоалетот е огледалото на барот или ресторанот.

декорација

Колку пати сте слушнале дека гостите го фалат или критикуваат ресторанот, само поради нивниот тоалет? Затоа, бидете внимателни како ќе го уредите тој дел. Шанкот, исто така не треба да биде премногу мал. Тој мора да завзема поголем дел. Тука, вработените мора да се чувствуваат удобно и да не се грижат поради претесниот шанк или поради гужвата настаната од премногу шанкери. Кога ќе купувате маси, столици и останат потребен мебел, добро е да изберете различни димензии. Со тоа ќе добиете на уникатност, препознатливост и секој гостин ќе си најде место сам за себе или за неговото поголемо друштво. Растојанието помеѓу масите не треба да биде ни премал ни преголем. Тука треба да се посвети внимание на приватноста на секој гостин, а не самиот тој да почувствува дека разговара со целиот бар. Неопходно е да им се овозможи на гостите да се движат слободно низ објектот и без проблем да можат да стигнат до било која друга маса, на која исто така, би се чувствувале доволно опуштено и пријатно. Уредувањето на просторот е потребно и е инвестиција која ќе Ви се врати побрзо од очекуваното.

Слични написи