Топ пет трикови на барменот за импресионирање на гостите

by ugostitelstvo.mk

Талентираните бармени се познати по жонглирањето, поставувањето на работи во оган, па дури и „магични“ трикови. Иако овие трикови се дефинитивно нешто воодушевувачко за обичните клиенти, бармените, можат да направат и многу повеќе. Всушност, секој бармен има и други трикови кои ги чува „во ракав“ за да ги импресионира гостите.

Запознавање со клиентите:

Да се биде уште повеќе пријателски и љубезен е најважниот трик на бармените. Клучно е да се запознае со клиентите и да дознае кои се нивните интереси. Какви се нивните семејства? Кои се нивните омилени пијалоци? Овие прашања ќе го привлечат клиентот кој ќе се почувствува важно во моментот и се одличен начин за да добиете лојални клиенти. Одличните бармени дури вклучуваат и важни лични прашања, се со цел да бидат запаметени.

zboruvanje so gostiteХигиената во шанкот и личната хигиена:

Ниту еден бармен не изгледа добро зад валкан шанк. Исчистете ги дамките, соберете ги празните чаши, ослободете се од трошките и исфрлете го ѓубрето. Не заборавајте често да го исчистете и подот на барот. Најважно, постојано бидете огранизирани. Не само што шишињата алкохол изгледаат одлично кога се соодветно организирани, тоа воедно ќе Ви го олесни начинот на работа и ќе знаете во секој момент, што – каде е.

Исполнете ги очекувањата:

Искусниот бармен не го прави само пијалокот што ќе биде побаран од клиентот, тој прави многу повеќе. Кога клиентот ќе го испие пијалокот, тие се тука за да ја надополнат чашата или во најмала мера, да прашаат дали треба уште нешто. Обрнете внимание на вашите обврски и погрижете се тие да се на врвот на приоритетите.

Бидете експерти:

Доколку навистина сакате да ги импресионирате гостите, треба да ја знаете својата работа. Ова значи дека треба да бидете подготвен за секој пијалок што ќе биде побаран од гостите. Секогаш треба да знаете со што располагате во барот и да бидете во можност да им го пренесете тоа на клиентите. Доколку некои клиенти се двоумат или не знаат што да порачаат, вие сте тој кој треба да го процени гостинот, и да им препорачате добар пијалок. Ништо не ги воодушевува гостите повеќе од фактот што знаат дека се во способни раце.бидете експерт

Бидете забавни:

Секако, ни светските познати шанкери не се од суштинско значење, но привлекуваат доста внимание. Учењето на неколку трикови можат да придонесат за зачинување на ноќта, а гостите да бидат многу посреќни. Не знаете од каде да почнете? Обидете се со фрлање шишиња (Flair bartending). За извршување на овој трик, едноставно дофатете го шишете од страната на вратот, нежно отфрлете го и при падот повторно фатете го за истата страна. Тоа ќе биде одличен настап кога во другата рака ќе имате чаша во која треба да ставите од пијалокот.

Да се биде добар бармен не е секогаш лесно, но праксата и напорот може да Ве научат на трикови со кои ќе си импресионирате Вашите гости.

 

Угостителство.мк

Слични написи