Мишелин ги најави наградените германски ресторани за 2018

by ugostitelstvo.mk

Германија го доби својот најголем број на наградени ресторани, во Мишелин водичот за 2018 година.

Германскиот водич во 2018 има 300 ресторани со Мишелин ѕвезди, а се додадени 4 нови ресторани со 2 ѕвезди и 29 нови ресторани со една ѕвезда.

Ресторанот “Atelier“ во Минхен беше единствениот нов ресторан со 3 ѕвезди на листата, што ја зголеми бројката на 11 ресторани со 3 Мишелин ѕвезди во Германија.

Меѓу рестораните со една ѕвезда, како одраз на растечкиот тренд на здрава исхрана, има само два вегетаријански ресторани: “Seven Swans“ во Франкфурт и “Cookies Cream“ во Берлин. Овие два ресторани се првите чисто вегетаријански ресторани кои се наоѓаат во Германскиот водич.

Иако Германија има 300 ресторани наградени со Мишелин ѕвезди, сепак тоа е половина од бројот на наградени ресторани во Франција.

Мишелин често е критикуван за фаворизирање на Француски и Јапонски ресторани (како на пример, во Дизелдорф јапонскиот ресторан “Јоши“ беше ново-додаден во Германскиот водич), како и мал број ресторани кои се менаџирани од жени. Ниту еден од рестораните со три ѕвезди не е менаџиран од жена.

Познат како “блиблија на гурмани“, првиот Мишелин Водич е публикуван во 1990 година. Првиот ресторан во Германија ја има добиено Мишелин ѕвездата во 1966 година.

Слични написи

Leave a Comment