Колкава напојница се остава во светот?

by ugostitelstvo.mk
напојница

Секогаш е добро да го наградите послужувачот со напојница (бакшиш) доколку тој добро си ја завршил работата, а Вие сте имале незаборавна вечер со совршена услуга, но дали тоа е вообичаено и потребно во секоја земја? На напојницата во секоја земја се гледа сосема различно, некои ќе бидат навредени доколку не добијат напојница, додека пак останатите ќе бидат навредени доколку истата ја добијат. За да не оставите и Вие лош впечаток еве еден кратoк водич. 

Франција:

Во рестораните и кафетериите ширум Франција вообичаено се остава напојница која изнесува од 10 до 15 проценти од вкупната сметка, истата се остава на масата, а се вика „purboar“. Доколку се прашувате дали да оставите напојница во хотелот, одговорот е не, напојницата се остава во такси службата која исто така изнесува околу 10%.

Tipping

Италија:

Во рестораните воопшто не треба да размислувате за напојницата, таа е пресметана пред Вие да влезете во ресторанот, а истата ја нарекуваат „coperto“. Сепак, секако доколку сте Вие задоволни од услугата и вниманието кое Ви го понудил Вашиот послужувач, можете да оставите неколку евра на масата. Познати по најдоброто кафе во светот, можете да забележите дека секоја кафетерија на својот шанк има поставено касичка која е наменета за дополнителна напојница. Што се однесува до хотелите, би било нормално да ја почестите собарката која посветува дополнително внимание на Вашата соба со околу 5 евра за една недела.

Шпанија:

Кога јадете надвор, најдобро е да оставите напојница во износ од 10 до 15 проценти од цената. Не оставајте неколку центи, бидејќи тоа се смета за навредливо. Во такси услугата, цената се заокружува на првата поголема сума.

Турција:

Во рестораните оставете барем 10 проценти повеќе од вкупната сметка, а доколку не сакате да го навредите послужувачот, немојте никогаш да си заминете без да оставите напојница, бидете културни и ценете го трудот на сите кои напорно работат во услужниот сектор.

бакшиш во турција

САД:

По ручекот, вечерата или за некој друг оброк, секако оставете напојница која би изнесувала 15 – 20% од вкупната сума, знаејќи дека платите на послужувачите се многу ниски.  На носачите на багаж им се дава долар до два за однесен куфер, а на собарките исто толку за еден ден. Во такси улугите вообичаено се остава 15 проценти.

Кина и Јапонија:

Малку поразлични од останатите земји во светот, тука напојници воопшто не ни постојат – оставањето на напојницата во хотел кој не припаѓа на ни еден меѓународен ланец се смета за голема навреда, сепак во кинеските туристички центри можете да оставите 10%, а исто така можете да ја почестите собарката, додека пак во Јапонија наместо пари, покажете благодарност со еден мал поклон.

Слични написи