Влијанието на социјалната мрежа Instagram во Вашиот бизнис

by ugostitelstvo.mk

Секојдневно сме сведоци на бројот на луѓе кои постојано го поминуваат своето слободно време на социјалните мрежи. Сопствениците на хотелите и рестораните го имаат согледано ова како можност за поголема промоција, што понатака станува една од клучните маркетинг алатки. Во едно истражување е наведено дека 30% од корисниците на мрежата Instagram, воопшто нема ни да влезат во некој локал кој нема Instagram профил, или неговиот профил не е редовно ажуриран.

Сепак, постојат неколку мали работи кои можете да ги направите за да имате поголема посетеност преку социјалните медиуми, или барем да го прикажете Вашиот локал онака како што Вие сакате во виртуелниот свет.

  1. Направете добар Instagram профил:

Доколку тоа веќе го немате сторено, за жал ќе треба да бидете спремни да изгубите голем број на посетители. Затоа, направете го профилот, напишете неколку кратки збора за Вашиот локал, ставете го Вашето лого и потоа преминете на тоа како оптимално да го искористите.

  1. Внесете го животот на локалот во Вашиот профил:

Многумина пред да посетат некое ново место како ресторан или бар, прво проверуваат каква е атмосферата токму преку социјалните мрежи. Објавете слики од Вашиот најнов специјалиитет или интересен пијалок, или едноставно фотографирајте го Вашиот омилен дел од локалот. Сето ова го прави Вашиот локал да е поблиску до потенцијалните постетители.

  1. Поттикнете ги посетителите да ги објават нивните слики од Вашиот локал:

Ова е од клучна важност затоа што на тој начин Вие им давате можност посетителите да го креираат угледот на Вашиот локал. Сепак, кој од нас не би сакал да ја има својата фотографија објавена од некој познат бар или ресторан?

4. Објавувајте во правото време во денот:

Можеби Ви се чини дека објавувањето на некоја фотографија може да биде било кога, но за жал тоа не е така. Доколку го објавите Вашиот најнов коктел во 8 часот наутро, шансите дека некој гостин ќе го порача се скоро непостоечки. Исто така, треба да знаете во кои часови во текот на денот луѓето најчесто ги проверуваат социјалните мрежи. Тоа се тие периоди кога луѓето уживаат во првото утринско кафе, за време на паузите од работа и по времето за ручек кога се веќе дома па се додека се одлучуваат каде да одат за вечерното излегување. Тогаш Вашите објавувања ќе бидат најмногу посетени, а со добра координација на содржината на истите, Вие ќе стекнете голема популарност кај потенцијалните посетители.

  1. Користење на хаштаг гео-локација:

Додека го градите Вашиот профил, ќе имате одреден број на следачи. Самите следачи нема да можат сами да Ве најдат освен ако не го посетиле Вашиот локал или не чуле за него. Затоа, за да се опфати поголема целна група, пожелнио е да се користи хаштаг (#хаштаг). Така, доколку имате фотографија од Вашата омилена маса со добро кафе и Вашиот локал се наоѓа во Скопје, како за пример можете да ги ставите следните обележувања: #кафе #скопје #уживање #СкопскиКафулиња.
Од друга страна, користењето на гео-локација е кога го обележувате Вашиот локал точно каде се наоѓа. Бенефитите лежат во тоа што тие што го знаат Вашиот локал, но сакаат прв пат да дојдат, ќе можат лесно да го најдат во кој дел од градот се наоѓа. Вториот бенефит лежи во тоа што, доколку некој сака да излезе во одреден дел од градот, но нема специфично место каде би ја поминал вечерта, Вашиот локал ќе биде прикажен во таа околина.

Instagram станува една од клучните маркетинг алатки кои придонесуваат многу за развој на угостителските објекти, токму поради фактот што Вие можете уште подобро да се доближите до Вашите потенцијални гости.

Слични написи

Leave a Comment