Тајни од француската кујна кои треба да ги знаете

by ugostitelstvo.mk

Француската кујна важи за една од највкусните во светот, но нејзината тајна не е само во рецептите. Сепак, односот кој го имаат кон храната го дава посебниот вкус што сите го сакаме. За да се доближите поблиску до неа, Ви ги откриваме овие пет тајни на нивната кујна кои лесно можете да ги примените во вашиот дом.

Јадете свежа и природна храна:

Французите не се потпираат на однапред подготвена храна која подоцна ја топлат во микробранова печка, ниту пак сакаат брза храна. Тие често се на зелените пазари од каде што купуваат свежа и природна храна од која потоа ги готват јадењата, а тоа е една од многуте работи кои ги прави горди и среќни.
пета слика

Локален сезонски производ – најдобар производ:

Штом купуваат од зелените пазари, се разбира дека храната што ја консумираат е сезонска и најчесто е произведена во околината на Франција. Јадењето одреден вид храна во одреден дел од годината не е само традиција, туку начин на живеење.
локален прозивод
Минимална употреба на зачини:

Вкусот на традиционалните француски рецепти доаѓа од состојките од кои се направени и од комбинациите со другата храна со која се сервираат. Тие не користат премногу зачини. Се знае кое јадење со каков додаток оди, што е познато за француската кујна. Затоа нема многу потреба од сол или други зачини. Храната и без нив е доволно вкусна.
минимална употреба на зачини

Мастите се вашиот пријател:

Французите никогаш не размислуваат дали во храната има масти или не, а сепак се едно од најздравите општества во Европа. Тајната е во тоа што користат масти кои се добри за организмот. На југот на земјата, најмногу се користи маслиновото масло, а северниот дел преферира путер, но ги консумираат во умерени количини, произведени и приготвени на вистинскиот начин.

Секој оброк е празник:

Покрај тоа што на работа поминуваат само по седум часа дневно, Французите можат да уживаат и во едночасовна пауза за ручек. Тоа покажува колку оброците се важни за нив. Тие се вистински празник. Сите се собираат околу масата на долготраен ручек кој започнува со предјадење, па продолжува со главното јадење, сирењето, десертот и на крај кафето. Тоа е период кога буквално сите установи се затворени. Луѓето треба да јадат на мира.
Секој оброк е празник

Bon appétit!

Слични написи