Совети за правилно послужување на вино и шампањ

by ugostitelstvo.mk
Служењето на вино, шампањ и пенливо вино често се случува грешно. Послужувачите мораат да водат грижа за тоа како правилно да го послужат на своите гости, со цел да се остави професионален впечаток на ресторанот. 

Вино и пијалок се служи од десната страна на гостинот, каде што тоа е можно, изговарајки го името на пијалокот. Држејки го цврсто за вратот на шишето, послужувачот мора да ги направи следниве чекори:

Вино:
    1. Со нож ја отстранува пластичната фолија од шишето.
    2. Го отвора виното.
    3. Ја отстранува тапата од отварачот.
    4. Ја остава тапата до чашата на гостинот.

    5. Со салвета ја брише внатрешната страна од грлото на шишето.

Шампањ/пенливо вино:
    1. Со нож ја отстранува пластичната фолија од шишето, до под кафезот.
    2. Става салвета преку тапата и кафезот и цврсто го држи вратот на шишето со едната рака, со палецот преку салветата држејки ја тапата да не излета.
    3. Го олабавува кафезот околу тапата.
    4. Го држи шишето под агол од 45 степени.
    5. Држејќи го долниот дел, полека ги врти шишето и тапата во спротивна насока додека се ослободи тапата. Не треба да се слушне како пука тапата.
    6. Ја остава тапата до чашата на гостинот.
    7. Со салвета ја брише внатрешната страна од грлото на шишето.
    8. Мала количина вино/шампањ се става во чашата на гостинот за тој да го вкуси.
    9. Додека гостинот го пробува виното, шишето треба да биде завртено со етикетата кон него.
    10. Откако гостинот ќе одобри, се послужуваат најпрво дамите, па господата и на крај гостинот кој го нарачал виното.
    11. Чашите за вино никогаш не треба да се полнат повеќе од половина  и треба да се одржуваат на тоа ниво.
    12. Чашите за шампањ никогаш не треба да се полнат повеќе од три-четвртини и треба да се одржуваат на тоа ниво.
    13. Околу вратот на шишето на белото вино секогаш се става салвета за водата од киблата да не капе на масата или на гостите.
    14. Белото вино, розе и шампањ се чуваат во кибла со мраз.
    15. За време на оброкот, обврска на послужувачот е да ги дополнува чашите со вино и да знае дали на гостите им треба пиење.
    16. За ново шише вино важи истата процедура и гостинот го пробува виното во нова чаша.
    17. Со различно вино сите чаши се менуваат со нови.
    18. Сите празни или неуптребени чаши се повлекуваат од масата во првата можна прилика.
    19. Празните шишиња не се ставаат превртени во кибла.

REGENT HOSPITALITY CONSULTING

Информации и консултации:

02 3119615  |  070267087  |  070217058

[email protected]
www.regenthospitality.org

Слични написи

Leave a Comment