Што е бранч?

by ugostitelstvo.mk

Всушност, за неговата популарност сведочат сите фотографии на социјалните мрежи со хаштагот #brunch и фактот дека сѐ повеќе ресторани нудат голем избор на комбинации на храна за бранчот.

Но, кој го измислил бранчот и што всушност претставува тој?

Иако многумина ќе помислат дека бранчот е изум на денешницата, вистината е дека тој датира уште од 1895 година. Изумител на овој оброк, според хроничарите, е писателот Гај Берингер и неговиот мамурлак.

Имено, во својот напис за британскиот Punch магазин, Берингер, токму во далечната 1895 година, препорачал да се скокне појадокот и првиот оброк во текот на денот да биде пред пладне. Берингер сметал дека ваквата опција е најдобриот начин за лечење на мамурлак, бидејќи им дава шанса на ноќните птици да поспијат до подоцна и да не консумират храна веднаш штом ќе се пробудат која би направила да се чувствуваат потешко. Советите во неговата статија брзо почнале да се употребуваат и доцниот појадок станал екстремно актуелен во Велика Британија. Со тек на време, ваквиот тип на појадок станал популарен и во Соединтетите Американски Држави.

Всушност, бранчот е комбинација од појадок и ручек, па токму и оттаму доаѓа неговото име, од зборовите „breakfast“ и „lunch“. Бранчот им нуди можност на оние коишто го практикуваат да спијат малку подолго, да го испијат утринското кафе без брзање и да уживаат на трпезата два-три часа без никакво брзање и токму затоа оние што го практикуваат бранчот, најчесто тоа го прават за време на викендот кога се ослободени од секакви обврски.

Денес, бранчот обично се служи во периодот од 10 часот и 30 минути па сѐ до 13 часот и вклучува чај, кафе, свежо цеден сок, бели пецива и пити, свежо овошје и зеленчук, варени јајца – речиси исто како појадокот, само во друго време.

И додека појадокот го јадеме од нога, во брзање, целта на бранчот е да уживаме со нашите најблиски во утрата и храната и тоа неколку часа.

Слични написи