Што да правите во кризни ситуации?

by ugostitelstvo.mk

Во денешницата, ниту еден ресторан не е анонимен кога станува збор за социјалните медиуми. Тие можат да бидат од огромна корист во работењето на ресторанот, но можат и да бидат и пресудни за затворањето на истиот во случај на криза. 

Секогаш мора да имате соодветен план за справување со кризни ситуации, со цел да се поштедите од ширење на лош збор низ социјалните медиуми. Имајте предвид дека колку и добро да работите, грешки секогаш ќе се случуваат дури и кога мислите дека се е под контрола, но со добра стратегија на решавање на ситуацијата, Вашиот ресторан нема да претрпи голем удар.

Кога имате ситуација со гостин, следете ги следниве неколку чекори:
  1. Ислушајте го гостинот до крај.
  2. Не се бранете и не објаснувајте.
  3. Покажете дека го разбирате проблемот на гостинот.
  4. Ако не сте го разбрале проблемот до крај, прашајте.
  5. Разјаснете што точно сака гостинот од Вас да направите.
  6. Внимателно објаснете што можете, а што не можете да направите за гостинот.
  7. Веднаш сторете нешто и секогаш известете го претпоставениот.
  8. Осигурајте се дека гостинот е задоволен.

За подетално справување со кризни ситуации, Ви препорачуваме да ги прочитате следните совети.

Слични написи

Leave a Comment