Ресторани со забрана за употреба на мобилен телефон

by ugostitelstvo.mk

Денес е тешко да се замисли посета на ресторан без мобилен телефон. Гостите често праќаат пораки, прават фотографии од јадењето, пијалокот, глетката, а во меѓувреме ѕвони шефот, бебиситерката и партнерите. Сето тоа доведува до фактот дека телефонот е премногу присутен меѓу нас. Затоа, се почесто низ рестораните се гледаат знаци за „Забрането користење на мобилен телефон“.

Како ресторан, тешко е да побарате од гостите да престанат да го користат својот телефон. Меѓутоа, она што можете слободно да им го понудите е, на пример, 15 % попуст доколку ги остават своите телефони кај вратата и да јадат без нив. Сепак, како што ќе претпоставите, има и добри и лоши страни во овој потег. На позитивната страна – никој нема да го слуша гласниот разговор на гостинот на другата маса и како тој разговара – додека останатите сакаат да јадат во мир. Исто така, персоналот подобро ќе може да комуницира со гостите.

restaurant_cellphone-645x350

Одлична е идејата доколку сакате да создадете средина без телефони, каде секој ќе може да јаде без притисокот од нивниот секојдневен живот.
Негативата страна се однесува на приоритетните работи. Што ако гостите имаат пропуштен повик од нивната бебситерка, или, што со деловните луѓе кои не можат да ни да јадат без телефонот поради професионални причини? За жал, недостатоците би се однесувале и на ресторанот, воедно. Со самото користење на социјалните мрежи, гостите го фалат и рекламираат вашето место.

Со оглед на сите факти, многу ресторани го разгледуваат режимот „забранета употреба на мобилниот телефон“.
Дали некогаш и Вие сте размислувале да го елиминирате телефонот од вашиот ресторан?

Слични написи