Политика на резервации. За или против?

by ugostitelstvo.mk

Рестораните често се соочуваат со дилемата дали да прават резервации или не. Утврдувањето на тоа дали оваа полтика за резервација е добра или лоша, зависи од голем број фактори како што се видот на ресторанот, просторот, достапноста за седење, импресиите кои сакате да им ги дадете на гостите и слично. Се уште нема конечен одговор на ова прашање и мерењето на добрите и лошите страни ќе Ве насочат кон најдоброто решение за вашиот ресторан.

ЗОШТО ДА ПРИФАЌАТЕ РЕЗЕРВАЦИИ?

jk11 0728 laurier bbq 0173

  • СМЕСТУВАЊЕ НА ГОЛЕМИ ГРУПИ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ПРИГОДИ:
    Со информацијата ќе ја добиете „половина битка“, односно подобро e да знаете отколку да не знаете што Ве очекува. Ако Вашиот персонал однапред знае дека очекува голема група или гости за специјална пригода во одредено време, тие ќе направат се за работите да одат според планот. Вашите гости ќе бидат сместени брзо, а и ќе си го планирате потребниот персонал за конкретната вечер, за да им го обезбедите најпријатното можно искуство.
  • ПРИДОНЕСУВАТЕ ЗА ПОВИСОК ПРИХОД:
    Организираните вечери со големите групи, за кои специјално се чува маса, имаат навика да трошат повеќе пари со што се зголемува продажбата за ресторанот, а исто така, се зголемуваат шансисте за напојница на персоналот.
  • РЕЗЕРВАЦИЈАТА ПРАВИ ГОСТИТЕ ДА СЕ ЧУВСТВУВААТ ВАЖНО:
    Кога гостите ќе стигнат и веднаш ќе седнат на резервираната маса – тие се чувствуваат важно, а кога гостите се чувствуваат важно, тие се среќни; што придонесува за повисока сметка и повторна посета.
  • РЕЗЕРВАЦИЈАТА ГО ПРАВИ ПЛАНИРАЊЕТО ПОЛЕСНО:
    Кога Вашиот ресторан ќе знае колку гости да очекува во било кое време во текот на денот или ноќта, Вашите вработени ќе бидат подобро подготвени, без оглед на бројот на гости. Знаејќи што Ве очекува, менаџерскиот тим подобро ќе се подготви во однос на потребите за во кујна, прогнозата за продажба, трошоците за храна и слично.

ЗОШТО ДА НЕ ПРИФАЌАТЕ РЕЗЕРВАЦИИ?!

how-to-score-a-table-at-a-booked-restaurant-without-a-reservation

  • НЕ Е ФЕР КОН ОСТАНАТИТЕ ГОСТИ:
    Некои ресторани се толку популарни, што за маса се чека дури и неколку месеци однапред. Но, листата на чекање може да биде толку долга, само ако има резервација. Така, за да има праведност меѓу гостите, политиката за резервација може да се елиминира.
  • ПРОПАЃАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈАТА:
    Што кога најавените гости нема да се појават? Или кога многу доцнат, а имате гости кои чекаат за истата маса веќе доволно долго? Тогаш продажбата страда и затоа е подобро да не се резервираат масите.
  • ПРОМЕНА НА РЕЗЕРВАЦИЈАТА:
    Понекогаш резервацијата се менува и наместо четири клиенти, Вие добивате осум. Веднаш настанува хаос поради ненајавената промена. Ресторанот и персоналот мора да се прилагодат брзо без гостите да ја забележат напнатоста. Сепак, полошо е кога од резервација која е за осум гости, се појавуваат само четири. Тоа е повторно непланирана загуба.

Со оглед на нашите потенцирани страни, дали се одлучивте која политика на резервирање да ја следите? Анализирајте ги факторите и изберете ја најдобрата опција.


REGENT HOSPITALITY CONSULTING

Информации и консултации:

02 3119615  |  070267087  |  070217058

contact@regenthospitality.org
www.regenthospitality.org

Слични написи