Непознати, но клучни работи за успехот на Вашиот ресторан

by ugostitelstvo.mk

Сите се запознаени со програмите за лојалност, директното рекламирање и попустите, но кои се помалку конвенционалните начини за изградба на база на клиенти во Вашиот ресторан?

1. Брендирајте ги Вашите рецепти, Вашите рецепти се Вашата гордост. Брендирајте ги, надвор од Вашиот ресторан за да стигнат до нови пазари. Има многу идеи, се што треба е да ги искористите, може да им испраќате дел од Вашето мени на потенцијалните купувачи на останати ресторани, гурмански продавници, или едноставно да организирате настан за презентирање на истите. Голема успешна приказна е брендирањето на Vikram Vij. Тој започнал како сопственик на мал ресторан во Ванкувер, и се проширил со брендирање на рецептите под линија Домот на Виј, исто така, тој издал и неколку книги.

2. Е-купони и подароци. Е-подароците не се само за големите ресторани, понудете ја опцијата ‘кредит’ на Вашиот веб-сајт. Нудете откупување со посебен код од примачот, и давајте рамни износи, како 500 ден, 1000, 2000. Голем предизвик е да добиете клиенти кои не се од вашето подрачје. Вие им давате можност на луѓето од другите градови да ги почестат своите родители или нивните пријатели со вечера во друг град, да им организираат изненадување или едноставно промена од навиките. Не многу независни ресторани го прават тоа, затоа, поврзете се со што повеќе клиенти уште од старт.
Vouchers2

3. ‘Check-in’ апликации. Со овие апликации не добивате само на популарност. Според американските истражувања, 18% од корисниците на паметените телефони, ја користат оваа апликација редовно. Ова е најефтината реклама која може да се искористи за да се претстави Вашиот ресторан пред пошироката публика. Денес, социјалните мрежи се најдобриот, а воедно и најлошиот пријател, на Вас останува заслугата.
restaurant_app

4. Старбакс им праќа на своите потрошувачи секоја година честитка за нивниот роденден, така ги потсетуваат луѓето каде да ги почестат своите најблиски за роденденот. Чудно е зошто рестораните не го прават тоа. Тие можеби понудуваат бесплатни оброци, или пијалок, но секој би сакал да се разбуди со честитка од оној од кого не очекува. Во најмала рака, се поврзувате со луѓето на поинтимен начин. Роденденските забави се големи и се случуваат во групи, ако понудите бесплатен пијалок, или десерт ќе добиете многу повеќе за возврат. Да нагласиме дека е-маил стратегијата прави чуда !
il_fullxfull.300516422

5. Соработка за специјални понуди. Ова може не е апсолоутно непознато, но често е игнорирано. Соработувајте со продавници за облека, локални весници, уметнички галерии, фитнес клубови или спортски арени. Комбинирајте ги Вашите услуги, со нивните. Понудете на секоја голема сметка, од одредена сума, попуст во друг бизнис, со кој соработувате. Земете во го предвид и Happy Hour. Секаде се појавуваат олеснителни можности за подобрувње на рејтингот на Вашиот ресторан.
specialoffers


REGENT HOSPITALITY CONSULTING

Информации и консултации:

02 3119615  |  070267087  |  070217058

[email protected]
www.regenthospitality.org

Слични написи