Неколку совети за послужувачите – келнерите

by ugostitelstvo.mk

Доколку внимателно ги прочитате и адекватно ги практикувате, сигурени сме дека овие неколку стручни совети во врска со ресторанското послужување, ќе Ви донесат поголем успех во работата.

За  менито:

 

1.  Секогаш треба да знаете што имате на Вашето мени, бидејќи гостите очекуваат да го знаете и ќе Ве прашуваат работи поврзани со него.
2.  Менито секогаш се предава отворено, од левата страна на гостинот и секогаш во неговите раце.
3.  Откако ќе им го претставите менито на гостите, прашајте ги дали се спремни да порачаат.
4.  Давајте им совети поврзани со храната и виното. Тие секогаш ќе Ви веруваат.
5.  Порачките од менито одат по следниот редослед: предјадења, салати, главни јадења и десерти.
6.  Секогаш ја служиме правата порција директно на правиот гостин и никогаш не прашуваме кој што порачал.
7.   Никогаш не заборавајте да прашате за пиење, пред јадењето.
8.  Исто така, не заборавајте да им препорачате јадење на гостите кои не можат да се одлучат.

Униформи:

1. Униформата треба секогаш да биде беспрекорна.
2. Со тоа се остава добар впечаток и се идентификувате во клубот.
3. Беџот мора секогаш да го имате на вашата униформа.
4. Накитот воопшто не е дозволен.
5. Чевлите мора секогаш да ви бидат чисти и пристојни.

Изрази кои се употребуваат со гости:

1. Секогаш е многу важно да се почитуваат гостите.
2. Кога му приоѓате на гостин, секогаш треба да го поздравите

Во комуникација со гостите, користете ги следните фрази:

·         „Ве молам, дозволете ми да Ви помогнам.”
·         „Дозволете ми да Ви се претставам.”
·         „Дали Ви се допадна јадењето?”
·         „Дали би сакале да Ви препорачам нешто?”
·         „Како можам да Ви помогнам?”
·         „Се извинувам, веднаш ќе Ви ја заменам вашата нарачка.”

 

 

Работи на кои треба да обрнете внимание:

1. Масите, столчињата и приборот за јадење мора секогаш да бидат чист.
2. Кога на гостин му го врачувате менито, препорачајте му нешто.
3. Кога го објаснувате менито на гостин, не читајте од неговото и не покажувајте со прст.
4. Секогаш треба да знаете да одговорите на било кое прашање.
5. Внимавајте кога гостинот зборува, да не повторува.
6. Пофалете го изборот на гостинот, „Добар избор, г-дине”.
7. Секогаш бидете природени, не звучете вештачки.
8. Запомнете ја порачката на гостинот.
9. Послужете ги гостите со гордост и внимание.
10. Доколку порачката доцни, разговарајте со гостинот, информирајте го дека порачката се спрема со повеќе внимание.
11. Во слушај на конфликтна ситуација, задолжително следете ги правилата за справување со кризни ситуации.
12. Откако се е сервирано на масата, вратете се по неколку минути и прашајте дали е се во ред.
13. Бидете сигурни дека нарачката е во ред, пред да сервирате.
14. Служењето на вино, шампањ или пенливо вино често се случува грешно. Послужувачите мораат да водат грижа за тоа како правилно да го послужат на своите гости, со цел да се остави професионален впечаток на ресторанот. Прочитајте неколку совети за правилно послужување на вино и шампањ.

Работи кои не смеете никогаш да ги направите:

1. Не бидете негативно расположени.
2. Не ја префрлајте вината на друг.
3. Не зборувајте за гостинот додека гледате во него.
4. Не џвакајте мастика.
5. Не размислувајте гласно пред гостите.
6. Ние служете преку гостинот, освен кога нема друг начин, тогаш извинете се.
7. Не зборувајте со гостите за лични проблеми.
8. Не користите премногу силен парфем. Хигиената е на прво место.
9. Не мирисајте на дим од цигари.
10. Не ги допирајте косата, устата или носот кога работите со храна.


За повеќе информации и консултации обратете се на:

REGENT HOSPITALITY CONSULTING

Информации и консултации:

02 3119615  |  070267087  |  070217058

[email protected]
www.regenthospitality.org

Слични написи