Накратко за менаџерот на ресторанот

by ugostitelstvo.mk

Ресторан менаџерот треба да обезбеди ефикасно и профитабилно работење на ресторанот, но воедно мора да води сметка за нивото и угледот на ресторанот. Тој мора да ги координира различните активности, без оглед на големината или видот на ресторанот. Менаџерот е одговорен за деловните активности на ресторанот, како и за одржувањето на високите стандарди на храната, услуга, здравјето и безбедноста во ресторанот.

Ресторанското управување ги комбинира следните активности, стратешко планирање, распоредот на вработените и дневните активности.
Како клучна улога во рамки на угостителско-туристичката индустрија, ресторанскиот менџмент е многу захтевна и предизвикувачка работа.
Работните задачи  на ресторан менаџерот се разликуваат во зависност од видот на ресторанот, но обично ги вклучуваат следните деловни активности:
1. Превземање на одговорност за ефикасноста на ресторанот.
2. Анализа и планирање на ресторанската продажба, нивоата и профитабилноста.
3. Организирање на маркетинг активностите, како што се промотивни настани, попуст шеми и сл.
4. Подготвува извештаи на крајот на смената, дневно, неделно, месечно и годишно.
5. Контрола на персоналот, контрола на храната и контрола на продажбата.
6. Креирање и спроведување на плановите на одделот за продажба, како и едукација и тренинг на персоналот.
7. Планирање буџет во согласност со менаџментот од повисок ранг.
8. Планирање и координирање на мени и листа на јадења.
9. Организирање и припрема (подготвителни работи) на забави и настани.
10. Координирање на целокупното работење на ресторан во текот на смената.
11. Раководење со персоналот и прибирање на повратни информации од гостите, oдговарајќи на жалбите од истите.
12. Обезбедување  на униформи за сите вработени што подлежат на униформираност.
13. Пречекување и поздравување на гостите, како и организирање на масата што е под резервација (ова може да се препушти и на главниот келнер доколку го има во ресторанот).
14. Регрутирање, обука и мотивирање на вработените (се мисли на новите вработени).
15. Организирање и надгледување на персоналот во кујна, персоналот за чистење како и службата за сервис и одржување.
16. Одржување на стандардите за контрола на квалитет, хигиената и здравјето и безбедноста во ресторанот.              пр. HACCP стандард.
17. Проверка на залихите во магацин како и правење нарачки на резерви.
18. Подготовка на електронската опрема за работење ( фискална каса, комјутер, ПОС терминали и сл.) и обезбедување ситни пари.
19. Помагање во било која област од ресторанот, кога околностите го диктираат тоа.
20. Пречекување на ИНСПЕКЦИСКИТЕ ОРГАНИ и давање првични информации.
21. Чување на документи што се потребни за ИНСПЕКЦИСКИТЕ ОРГАНИ.
22. Водење сметка за навремено обезбедување на потребната документација за правилно функционирање на ресторанот во смисла на законските обврски (санитарни книшки, квалитет на вода, санитарност, и сл.)

REGENT HOSPITALITY CONSULTING

Информации и консултации:

02 3119615  |  070267087  |  070217058

[email protected]
www.regenthospitality.org

Слични написи