Како да се грижите за Вашите редовни гости

by ugostitelstvo.mk

Редовните гости се срцето на ресторанот. Тие се луѓе кои се враќаат повторно и повторно, и тие се заслужни за поголемиот дел од Вашата заработка од ресторанот. Всушност, една анкета пoкажува дека редовните гости прават во просек од 75 % од заработката на рестораните и баровите. Затоа, задржувањето на овие гости во вашиот ресторан е многу важно.
Дознајте што се треба да направите редовните гости да продолжат и понатаму да доаѓаат.
a-waiter-1
Редовно поздравувајте ги: Ова важи и за келнерите и за сопствениците, како и за менаџерите. Само затоа што гостинот не седи во нивниот дел на служење, не значи дека келнерот не треба да се поздрави со гостинот. Освен поздрав, келнерот може да размени и некој дополнителен збор со него, како на пример да му каже дека му е мило што гостинот е повторно тука итн. Сопствениците и менаџерите исто така треба да се поздрават со гостинот, со цел да му нагласат на гостинот дека тој е секогаш добредојден.

Имајте вистински разговор: Иако е важно паметењето на името од редовниот гостин, убаво е да се знае некој детал од неговиот приватен живот. Тоа е така поради краткиот разговор кој ќе го споделите со него. На пример, како му поминал денес денот на работа, како се неговите деца, детали за неговото хоби, омилениот фудбалски тим итн. Кога гостинот има вистински пријателски однос со Вас, има големи шанси да се врати.

Давајте повремени гратиси и попусти: Не секогаш, меѓутоа во посебни прилика почестете го клиентот, и дајте му до знаење дека тој се одделува од останата група на луѓе кои доаѓаат ретко.

Вклучувајте ги и нив во социјалните медиуми. Секогаш одговарајте на прашањата на социјалните медиуми и нагласувајте што добиваат редовните гости во Вашиот ресторан. Самиот гостин ќе се почувствува пријатно.

Направете добар последен впечаток: Последниот впечаток е подеднакво исто важен колку и првиот. Бидете толку добри кон гостите, за тие да зборуваат за Вашата услуга веднаш чим го напуштат Вашиот ресторан. Редовните гости се огромен дел од успехот на Вашиот ресторан, бидете сигурни дека тие знаат колку Вие се грижите за нив!

Редовните гости се одлична реклама. Доколку тие се задоволни тие ќе го пренесат нивното позитивно мислење за Вас. Постои голема веројатност да Ве посетат со своите пријатели, а потоа пријателите со своите пријатели. Редовните гости имаат навистина голема моќ кога станува збор за Вашиот ресторан, па затоа потрудете се тие да се чувствуваат онака како што тие заслужуваат.

Слични написи