Кога гостите нарачуваат јадење во ресторните, тие сакаат да го добијат токму како нагласиле да се направи, полно со беспрекорна услуга… најбрзо што може. Но, што е повеќе важно, брзата услуга или квалитетот на услугата?
Не можеме да негираме дека и двата фактори се важни за корисниците. Никој не сака да ја чека храната! Но, дури и кога клиентите се нестрпливи, квалитетот на услугата може да биде дури и поважен од брзата услуга. Дали клиентот ќе биде вознемирен ако храната задоцни или ако таа не е вкусна? Што ако оброкот е ладен и невкусен? Клиентите имаат навика да посветуваат повеќе внимание на услугата во однос на квалитетот на храната. Доколку веќе клиентите се пријателски настроени кон персоналот, тие како да чувствуваат дека се дел од Вашeто работење.
Тоа би значело дека тие би “погледнале низ прсти“ и би причекале повеќе. Сепак, потоа доаѓа фактот кој се однесува на квалитетот на храната и тоа е потешко во однос на брзината. Доколку клиентите сакаат да добијат брза храна, без оглед на се, тие ќе посетат места каде се подготвува брза храна каде оброкот го добивате за неколку минути. Тешко е да се натпреваувате со таквата брзина. Меѓутоа, ако се фокусирате на обезбедувањето на квалитетот на храната, тогаш Вашите гости повеќе ќе ја ценат услугата и храната. Тие сигурно им веруваат на персоналот и на тоа дека ќе ги добијат нарачките како што посакале.
Квалитетната услуга е она што ги враќа клиентите повторно во Вашиот објект. Ако клиентот ги гледа Вашите вработени кои се постојано груби, непристојни или едноставно лошо си ја работат работата – тие веројатно нема да се вратат.
Како да го добиете најдоброто и од услугата и од брзата услуга ?
Разгледајте ги дневните рутини на ресторанот. Дали се што се прави е навистина потребно? Можеби и повеќе персонал не е решението за брза услуга. Внимателно избирајте ги вработените. Бидете сигурни дека секој во Вашиот ресторан е ангажиран за активности кои Ви помагаат да се обезбеди подобра и побрза услуга.