Совршена зелена салата

by ugostitelstvo.mk
зелена салата

За да ја добиете совршената зелена салата потребно е да ги избалансирате вкусовите, текстурата, а секако и зачините. За максимална свежина и крцкавост на зелените салати тие секогаш треба да се служат ладни. 

За вкусна салата “Keep it Simple”

Основната состојка во зелената салата секогаш е марулата, а за подготовка на истата можете да користите два вида на марула, свежа со меки лисја и малку крцкава марула. Во процесот на подготовката на салатата секогаш избегнувајте да користите влажни лисја. Доколку за вашата зелена салата се одлучите да користите било каков сос, истиот нема да се задржи на исечканата марула и токму поради мокрите лисја тој комплетно ќе падне на дното од садот.

Сечкајте мали парчиња лесни за јадење:

сечкање Листовите марула, како главна состојка, некои луѓе практикуваат да ги кинат со рака, но правилно и професионално е секогаш тие да се исечкани на мали парчиња кои лесно можат да се јадат, секако никој не би сакал да користи нож за јадење на салата, доколку тоа не го наложува самата салата.

Сервирање на салатата:

сервирање салатаОткако состојките ви се исечкани и подготвени, следува завршниот чекор во припремата на салатата. Покрај сосовите кои би ги користеле, сигурно размислувате да ја зачинете салатата со оцет или зејтин. Препорачуваме да користите маслиновото масло и балсамиран оцет. За совршен вкус и ефект, од сосевите ставете се додека сите ливчиња не се подеднакво прелиени. Уживајте!

Слични написи