Придобијте ја лојалноста на гоститe

by ugostitelstvo.mk

Одлична идеја е да им понудите на своите гости, програма за лојалност, дефинирана со т.н. loyalty-картички. Меѓутоа, постојат безброј други интересни начини да се зголеми бројот на редовните гости. Ние ќе ви понудиме неколку начини.

  • Понудете невообичаени награди Заборавете на купоните или бесплатните оброци… Италијанскиот ресторан “Vino Vidi Vici” нуди нешто малку поимпресивно. Секој клиент со 50 купувања, добива слика со неговиот лик, или име изгравирано на маса. Така, клиентите често ќе се враќаат за да седат на “своите“ маси.
  • Направете клиентите да се чувствуваат како дома. Наградите не секогаш имаат приоритетна улога. Земете го во предвид ставањето на слика од гостинот – на ѕидот од ресторанот. Секој месец имајте „Клиент на месецот“. Така, гостите ќе се “борат“ за таа невообичаена награда и често ќе ги сретнувате во вашиот ресторан.
  • Создадете игра. Се е позабавно кога се прави преку игра, а притоа вклучете ја и програмата за лојалност на клиентите. Земете вкусен рум, на пример. Клиентите може да ја играа играта, по три испиени коктели со рум. Некогаш играта е далеку по примамлива од наградата. Направете нешто, по што ќе ве паметат гостите, и постојано ќе се враќаат кај вас.
    IMG_5002
  • Плаќање однапред. Во ред, можеби наплаќањето на гостите однапред и не изгледа како совршена идеја, но напоменете дека кога тие плаќаат според вашите начини, добиваат доста олеснителни околности. На пример, бесплатно шише вино, бесплатна вечера за двајца, бесплатна достава до дома итн.
  • Не заборавајте на социјалните мрежи. Социјалните медиуми можат да бидат одличен начин за да се наградат лојалните гости кои се враќаат повторно и повторно. Еден лесен начин е да го направите тоа преку регистрирањето односно check-in. Ако купувачот има одреден број посети, тој може да добие одередена награда, или понудите награди за определнен број на објавени слики на Facebook или Twitter со вашите јадења. Ваша е одлуката. Се што треба е да бидете иновативни.
    image
  • Фокусирајте се на донации. Убаво е да им понудите награди на гостите, но тие можеби повеќе ќе ја засакаат идеја нивните награди да им се понудат на помалку среќните луѓе. За одреден број на купени оброци, ресторанот може да организира хуманитарна акција за помош на сиромашните. Се што ќе треба да направите е да зготвите храна за луѓе кои не така често можат да си ја дозволат. Така, клиентите би добиле поголема желба да се појават пак во вашиот ресторан, и да го споделат ова ваше добротворно дела со нивното окружување.

АКО ВАШИТЕ НАГРАДНИ ПРОГАРМИ СЕ ОБИЧНИ ИЛИ ЗДОДЕВНИ, ПРОБАЈТЕ СЕ НЕКОИ ОД НАШИТЕ ИДЕЈИ, И ЗГОЛЕМЕТЕ ЈА ЛОЈАЛНОСТА НА ВАШИТЕ КЛИЕНТИ.


За повеќе информации и консултации:

Regent Club – Training Center

тел. 02 / 3119-615
[email protected]

Слични написи