Кои се десетте најдобри хотели во светот?

by ugostitelstvo.mk

Ширум светот постојат најразлични видови на хотели, од луксузни до нелуксузни, од ултра модерни, па сè до оние сместени во стари градби и украсени со антиквитети.
Денеска, ве носиме на едно одлично патување низ десетте најдобри хотели на светот кои ги освоија милионите корисници на специјализираниот сајт за патување TripAdvisor.
Еве кои се топ десетте хотели на планетата Земја според светските патници.

1. Umaid Bhawan Palace Jodhpur (Јодпур, Индија)
Хотел кој наликува на сценографија за бајка. Фасцинантно искуство за оние патници кои секогаш сакаат да откријат нешто ново. Овде ќе ве пленат грандиозната архитектура, освеетлувањето и ентериерните решенија.
?????????????????????????????????
2. Shinta Mani Resort (Сием Реп, Камбоџа)
Резорт наменет за ооние кои трагаат по вечната убавина и мир. Патниците овде дефинитивно ја откриваат најубавата страна на Камбоџа.
2
3. Bellevue Syrene (Соренто, Италија)
Ах, убавата Италија. И уште поубавиот Соренто. Овој хотел го одзема здивот нудејќи неверојатни глетки, вкусна медитеарнска храна и одмор за сите сетила.
3
4. Hanoi La Siesta Hotel & Spa (Ханои, Виетнам)
Во последно време, Виетнам станува сè поатрактивна туристичка дестинација, па не чуди фактот што еден од хотелите на оваа листа е токму таму. Туристите кои го посетиле се воодушевуваат од услугата, храната и уреденоста на собите.
4
5. Achtis Hotel (Афитос, Грција)
Ако патот ве носи кон Афитос, не заборавјте да го посетите хотелот Ахтис. Нуди одлична услуга и мир настрана од гласните плажи на Халкидики.
5
6. Belmond Le Manoir aux Quat’Saisons (Грејт Милтон, Обединето Кралство)
Доколку сакате да патувате назад во времето, ова е хотелот за вас. Интересна архитектура, одлично мени со богата понуда и градина кои ќе ги задоволат и најпребирливите патници.
6
7. Mirihi Island Resort (Мирихи, Малдиви)
Идеален резорт за вљубените во романтиката. Малите куќички се како по мерка создадени за младите парови, а моментот кога морето и зајдисонцето се галат е една од најпрекрасните глетки на цел свет.
7
8. Bucuti & Tara Beach Resort Aruba (Палм – Игл, Аруба)
Хотел со сопствена плажа кои изгледаат светски. Услугата е на највисоко ниво, а за тоа сведочат и задоволните патници кои со импресии го оценуваат овој хотел како еден од најдобрите во целиот свет.
8
9. Calabash Luxury Boutique Hotel & Spa (Ланс-о-Епин, Гренада)
Карибите се секогаш добра дестинација. Стануваат уште подобра откако ќе дознаете дека таму се наоѓа еден од топ десетте хотели во светот. Во овој хотел, со сигурност ќе уживате во луксузот.
9
10. Hotel Ritta Hoppner (Грамадо, Бразил)
Идеален хотел за семејни патувања кој нуди вкусна храна, одлично сместување и услуга каква секој што ќе посака. Совршен за оние патници кои за одмор ја сметаат тишината и добриот сон.
10

Слични написи