Како се создаде кафето?

by ugostitelstvo.mk

Ретко кој од нас не го започнува денот со шолја кафе. Кафето не е само пијалак, за многумина тоа е силен социјален симбол, изговор за дружење и можност за пауза од работа. Ви откриваме како започнала приказната за најпопуларниот стимулативен пијалак на светот.
Плодот од кој се прави нашиот омилен утрински пијалак потекнува од југот на Етиопија, поточно од покраината Кафа каде во далечното минато номадските племиња ги џвакале зрната кафе за да добијат сила. Идејата зрната да се претворат во пијалак исто така потекнува од Африка. Арапите го презеле обичајот зрната кафе да се варат во вода во 15-тиот век и се посветиле на процесот на призводство и извоз на кафе.
Арапите и Турците вешто ги криеле своите методи за производство на кафе како да се работи за најголемите државни тајни. Според преданијата, првото кафуле во светот било отворено во Истанбул во 1554 година. Во Европа, првото кафе се послужило во Венеција и го иницирало отворањето на легендарната кафеана „Флориан“ во седумнаесеттиот век, а на Стариот Континент било донесено од трговските патници.
Долго време кафето било привилегија на богатите кои се собирале по кафеаните. Во секојдневна и масовна употреба влегло во Германија кон крајот на осумнаесеттиот век како додаток во исхраната и замена за појадок.
Денеска, тешко е да го замислиме секојдневието без шолјичка кафе, а зрната се одгледуваат во повеќе од седумдесет држави.

ugostitelstvo.mk

Слични написи