Како да се справите со стресот

by ugostitelstvo.mk

Работата во угостителството е една од најстресните работи. Контактот со различни луѓе, врева, гужва и многу различни ситуации се само некои од факторите кои влијаат врз вашата состојба. Исто така, тоа претставува сериозен здравствен проблем. Многу луѓе имаат лоши коментари за нивната работа, колку е таа стресна и како предизвикува здравствени проблеми, вклучувајќи и висок крвен притисок, нарушување во спиењето, болки во грбот итн. Стресот игра голема улога во кардиоваскуларните болести, па дури е и причина за срцев удар. Освен што го зголемува крвниот притисок, го зголемува и нивото на холестеролот, ја зголемува срцевата аритмија и слично.

Ако се чувствувате изложени на стрес, Угостителство.Мк Ви преопорачува неколку начини на справување со стресот.

1. Добар сон: Истражувањата покажуваат дека недостатокот на сонот придонесува за појава на стрес. Подобро ќе се чувствувате на работа, ако не сте уморни и исцрпени.

2.Редовен појадок: дури и кога тоа значи половина час порано станување од креветот, но не си го скратувајте појадокот, кој е извор на енергија и свежина. Со него ќе го започнете денот борбено, спремни за предизвици!

3. Вежбајте: Следниот пат кога ќе се почуваствувате стресно, пробајте да се опуштите со вежба. На пример, одете на прошетка, направете истегнување на телото, џогирајте во место или на свеж воздух неколку минути- и ќе се чувствувате многу подобро.

4. Размислувајте позитивно: Најважно е како вие се чувствувате, и како пристапувате кон нештата колку Вас. Не дозволувајте некој, да Ви го уништи денот, само заради тоа што неговиот е веќе уништен. Оптимизмот да биде Ваш водич.

5. Игнорирајте ги ситниците: Научете ја разликата што е навистина важно во животот, и многу проблеми едноставно ќе исчезнат.

6. Опуштете се: земете длабок здив, и ослободете се од напнатоста. Читајте книги, гледајте комедии и одете на прошетка. Наскоро ќе видите дека Вашите проблеми предизвикани од стрес, се минато.

7. Оддалечете се од стресни ситуации: Забележувате дека некој едноставно сака да Ви наметне кавга? Заминете и оставете го сам. Имате доволно свои грижи.

8. Управувајте со своето време: Многу луѓе имаат стресен ден, а денот не ни започнал, и сето поради задоцнувањето на работа. Погледнете го Вашиот распоред, и организирајте си ги приоритетите.

9. Научете како да се справите во конфликтни ситуации: Останете смирени и не покажувајте чувства. Стресот се јавува при зголемена напнатост.

10. Јадете здраво: Престанете со брзата храна и нездрава храна, и вашето тело подобро ќе се справува со стресот. Заменете го чипсот со овошје.

11. Изразувајте ги Вашите чувства: Разговарајте со Вашите најблиски за тоа низ што помиувате и како се чувствувате. Посветете си доволно внимание на самите себе. И повторувајте „Јас сум најважен”!

Слични написи