Историја на кафето

by ugostitelstvo.mk

Во денешницата кафето е социјална жичка која ги спојува луѓето, напиток кој ни помага да се разбудиме рано наутро и единственото нешто без кое не можеме да си го замислиме денот. Но, која е историјата позади кафето? 

 

Кафето потекнува од Африка, поточно провинцијата Кафа (Kaffa) во Етиопија. Постои легенда која вели дека моќта на кафето прв ја открил овчарот Калди. Всушност, неговите кози ги јаделе плодовите на кафето и потоа не можеле да заспиијат. Своите пронајдоци Калди ги споделил во локалниот манастир, каде што свештениците направлие напиток од плодовите на кафето. Свештениците исто така откриле дека по конзумирањето на пијалокот тие биле полни со енергија низ нивните ноќни молитви. Секако, сè уште е тешко да се потврди дали оваа легенда е точна.

Култицавијата на кафе во Арабија започнала во 15ти век во Јемен, а во 16ти век веќе било распространето низ Персија, Египет, Сирија и Турција. Кафето не било уживано само во домовите на луѓето, туку биле отворени и првите кафулиња што биле наречени qahveh-khaneh кои биле достапни за сите луѓе од сите сталежи да можат да уживаат во кафето. Таму, луѓето разговарале, уживале во музиката, играле шах и споделувале нивости. Набрзо, овие кафулиња станале важен центар на споделување информации што го добиле името „Школи на умните“.

Во 17ти век, кафето стигнало во Европа. Многумина се сомневале во овој пијалок и го нарекувале „горчлива иновација од пеколот“. Кафулињата станале популарни и во Европа, станувајќи центар на социјализација и дружење меѓу луѓето во големите градови во Англија, Франција, Австрија, Германија и Холандија. Кафето ги зема местата на типичните утрински пијалоци што тогаш биле пивото и виното. Оние што пиеле кафе за време на појадокот биле полни со енергија, за разлика од оние кои конзумирале алкохол, што влијаело на нивата работа.

Томас Џеферсон исто така го нарекол  кафето како „Омилениот пијалок на цивилизираниот свет“.

Слични написи

Leave a Comment