Дали на Вашиот персонал му е потребен тренинг

by ugostitelstvo.mk

Постојаното одржување во кондиција на персоналот во хотелско-угостителските објекти е многу важна, ако не и најважната работа кога станува збор за постигнување висок степен на квалитетна услуга, а со тоа и подобри резултати во работењето. Се разбира, кога се вели во добра кондиција, се мисли на стручност во работењето и постојано пратење на светските трендови во овој сектор.
Навиките и потребите на гостите во хотелско-угостителските објекти постојано се менуваат, а тоа доаѓа од високиот степен на динамиката на живеењето. Вработените во хотелско-угостителските објекти, пред се менаџерскиот тим, мора овие промени да ги пратат дури и во даден момент мора да можат да ги предвидат и да ги пресретнат. За да можат успешно да се справат со ваквата ситуација, единствено што може да им помогне се постојаните тренинзи и обуки.
Kултурата на угостителскиот сервис, ненаметливоста и однесувањето на персоналот мора секојденвно да се вежба да се менува и да се прилагодува според актуелните трендови кои пак од друга страна имаат потреба од перманентна едукација на персоналот. Гостите знаат да го препознаат добриот сервис и квалитетната услуга. Гостите не бараат само добро сместување, туку тие бараат, меѓу другото, комлетен пријатен амбиент како и да стекнат впечаток дека некој се грижи за нив и за квалитетот на нивниот престој.

Од тука произлегува дека, квалитетот на услугата во хотелите и рестораните и покрај целокупната модерна технологија сепак воглавно зависи од човечкиот фактор, односно начинот и квалитетот на давњаето на услугите во Хотелско Угостителските објекти.

Слични написи