875
1 . Сопственик на ресторан.
Технички, сопственик на ресторан може да биде секој кој ќе се реши за овој бизнис и што ќе најде доволно средства за да ја започне реализацијата на оваа идеја. Знам дека повеќето од луѓето оваа работа ја симлифицират најчесто поведени од „кафанските муабети“ и обично почнува вака.Тоа и не е многу тешко, имаш некој денар, познаваш група на луѓе од градот кои постојано ќе бидат во твојот ресторан, ќе се снајдеш за персонал бидејќи и самиот си работел во некој ресторан и почнуваш…
Но, дали е баш така, покрај многуте работи што треба да ги направите како што се, бизнис план, истражување на пазарот, проценка на конкуренцијата, персонал, добро мени и сл. постои една многу важна работа што се вика, сопственик на ресторан.
Ова е нешто што претпоставува дека вие многу часови од денот треба да го поминете во вашиот ресторан, многу саботи и недели да не бидете со вашето семејство, многу годишни одморите да ги изоставите и се тоа за да бидете со ваште гости. Да, сето ова треба да го направите, и тоа со максимална посветеност на вашиот бизнис.
Што е тоа што луѓето кои го почнуваат овој бизнис го губат предвид?
Основата на угостителството лежи во тоа што тоа е „домаќинска“ работа. Се работи за укажување на гостопримство и за укажување на чест и грижа за гостите. Гостите, за новоотворените ресторани, најчесто добиваат претстава за ресторанот водени од неколку работи, една од нив е и сопственикот. Тие сакаат да видат како тој изгледа, како ќе ги пречека, како ќе ги угости и на крајот, дали ќе имаат на кого да се пожалат ако нешто не било во ред. Во суштина ова има длабоки социлошки и културолошки корени, во општество како нашето овие работи се многу важни. Замислите вие сте поканиле некои пријатели на вечера, предлагате да одите во некој ресторан и сопственикот ве пречекува на влезот на ресторанот, ве поздравува, а вие ги запознавате вашите пријатели со него.
Мислам дека оваа приказна добро поминува во западните земји каде што на овие работи и не се обрнува толку внимание. Ова е таа магија што не може ниту еден менаџер на ресторан да ја направи ова може само сопственикот на ресторанот. Морам да се сложам дека има примери и кај нас што функционираат и надвор од ова правило но сметаме дека, посебно за новоотворен ресторан, ова е нешто што е многу важно, присуството на сопственикот во неговиот ресторан.
2 . Лоша-Добра анализа.
Претпоставката е мајката на сите проблеми.
Следнава реченица сме ја слушнале многу пати, „Само од мојте луѓе што ќе ми доаѓаат ресторанот ќе работи добро“.
Тоа не е така.
НЕМОЈТЕ НИКОГАШ РАБОТАТА НА РЕСТОРАНОТ ДА ЈА БАЗИРАТЕ НА ПРЕТПОСТАВКИ ПОВРЗАНИ СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ.
Ресторанското работење како и секој друг бизнис мора да се базира на детални бизнис планови, истражување на пазарот и други стручни анализи што ќе ги направат стручни лица или вие самите. Почетната инвестиција секогаш е голема кога е во прашање отворање на ресторан и затоа морате многу да внимавате при анализирањето на идејата.
3 . Вработување на членови од вашето семејството или пријатели.
Постојат многу успешни семејни бизниси, вклучувајќи го и бизнисот со водење ресторан, но мислам дека треба да бидете внимателни при изборот дали да вработите членови од вашето семејство или некој пријател. Постои разлика да го започнете бизнисот заедно со некој што ви е близок или да го вработите. Ако започнете бизнис зедно со некого тогаш вие заедно сте во тоа, ги делите обврските, профитот, но и загубата. Доколку некој од вашата фамилија е вработен кај вас тоа е нешто друго. Обично луѓето (вработените) секогаш кога нема да си ја завршат работата како што треба очекуваат претпоставениот да не ги санкционира или да помине само со опмена. Посебно ова доаѓа до израз кога претпоставен е некој близок роднина. Кога ќе дојде до ваква ситуација вие имате сериозен проблем. Имајте во предвид дека секогаш кога сте во позиција вработен претпоставен релацијата се менува, што многу често е непријатно.
4 .Бизнис план
Ова е особено корисно за оние кои се нови во овој бизнис. Некој истражувања покажуваат дека најголем број на неуспешно стартувани бизниси се должат на лошите проценки и погрешни претпоставки.
Сето ова може да се елиминира доколку направите РЕАЛЕН бизнис план. Бизнис планот не е нешто што е многу комлицирано, постојат теркови за бизнис планови по кои можете и сами да го изработите. Исто така можете и да се обратите и до стручни лица за оваа работа. Но како и да е, едно е сигурно БИЗНИС ПЛАНОТ МОРА ДА БИДЕ РЕАЛЕН.
5 .Изнаоѓање Финансии
Многу луѓе сонуваат за отворање на нов ресторан. Сепак, наоѓање на доволно финансиски средства за нов ресторан може да биде голем камен на сопнување за многу луѓе.
Како и кај бизнис планот, и кај финансиите морате да ги предвидите на реална основа.
Постојат повеќе начини да го финансирате вашиот бизнис.
1. Сопствена заштеда
2. Позајмица од блиски роднини
3. Заеднички вложувања
4. Кредит од банка и сл.
Кај изнаоѓањето на финансии посебно треба да внимавате ако се одлучите за варијантата, земање на кредит од банка или позајмување на пари со камата.
Ако се одлучите за ова, за изработката на бизнис плант морате да се конултирте со стручно лице. Не смеете да претпоставувате работи без да ги проверите, за истите морате да се осигурате дека се точни. Имајте во предвид дека бизнисот со ресторан (новоотворен) има опасни замки посебно во почетокт на работењето. Доклку немате искуство и сами го почнувате може многу да ве чини.
6.Анализа на конкуренцијата
Ова е нешто на кое што луѓето што отвораат нов ресторан, најчесто грешат. Се разбира, има објаснување зашто тоа е така. Воглавно се работи за неискуство во водењето на овој бизнис. Луѓето (се разбира мислиме на тие што се нови во ова) секогаш мислат дека тие ќе го направат надоброто и она што другите не се сетиле или не знале како треба.
Почетничка грешка и заблуда.
Гледајте ги секогаш вашите конкуренти, гледајте што прават и како тоа го прават. Каква музика пуштаат, какво работно време имаат, каков персонал имаат и сл. се разбира дека вие тоа истото поинаку би го направиле и во тоа е предноста на конкуренцијата, што повеќе ресторани повеќе идеи и начина на работа. Но немојте никогаш да ја потцените конкуренцијата, не заборавајте дека „се е измислено“. Бидете внимателни, немојте да ги мешате личните предрасуди, личните желби и бизнисот.
7 . Имајте уникатно МЕНИ
Уште една од најголемите грешки што може да се направи при отворање на нов ресторан.
Замислите, влегувате во новотворен ресторан во кој се вложени големи финансии, особено странски валути, доаѓа келнерот и ви носи мени, вие го отворате менито и што да видите „Војна и мир“ – 50 страници мени, со сите можни јадења симнати од интернет, попатно и лошо преведени од англиски јазик.
За жал оваа грешка се уште во Македонија е многу честа во рестораните.
Морате да знаете дека менито е лична карта на ресторанот.
Менито мора да ја раскаже приказната за ресторанот, менито не смее да биде куп желби на сопственикот кој попатно се неостварливи запакувани во скапи корици и напишани со позлатени букви.
За составувае на мени постојат точно одредени правила кој произлегуваат од многу работи што ги има во ресторанот или кон кои се стреми да оди ресторанот.
Понудата во менито мора да биде добро избалансирана, мора да биде реална, да има реални цени и сл.
Доколку немате искуство со составување на мени, најдобро е тоа да го направи стручно лице.
8 .Концепт на ресторанот.
Многумина кога ќе влезат во некој ресторан се збунети од нејасниот концепт што го има ресторанот.
Не може да влезете во ресторан во кој пишува „Fine Dining“, а на масата ви поставуваат хартија наместо ткаена покривка.
Не е само овој пример, постојат многу слични ситуации кои го збунуваат гостинот и не прават јасна слика за ресторанот. Во секој случај концептот на ресторанот е една од битните работи и сигурно произлегува од појдовната идеја на сопственикот или на тој што го замислил објектот, од тоа како ќе изгледа па се до тоа како ќе функционира.
Морате да имате јасна претстава што сакате да направите каков тип на ресторан ќе направите и најважно од се НЕ СМЕЕТЕ да ги мешате работите.
9 . Локација на ресторанот
Пред да почнете со бизнис план, мени, или да аплицирате за кредит, мора прво да одлучи каде точно ќе биде вашиот ресторан. Локацијата на ресторанот е од суштинско значење за успешното работење на ресторанот. Тоа ќе влијае на многу делови наработењето на вашиот ресторан, вклучувајќи го и менито. Избере совршена локација.
10 . Избор на персонал
Изборот на тимот (персоналот) што ќе работи во вашиот ресторан дефинитивно е нешто не смеете да го препуштите на случајност.
Сведоци сме на многу ресторани каде персоналот или дел од него се залутани во овој бизнис.
Не стручното работење, лошите навики, слабата хигиена, не познавањето на странски јазик и непочитување на гостите се само дел од проблемите што се јавуваат кај вработените во рестораните.
Со овој проблем сигурно ќе се сретнете и вие уште на самиот почеток со овој бизнис. Токму затоа сакам да ви укажам дека многу е битно со ова да се справите уште од самиот почеток на работењето.
Доколку одберете песонал со кој ќе импровизирате, постои можност да се здобите со лоша репутација уште од самиот почеток на вашето работење. Што пак не е многу добро за вашиот нов бизнис.
Ќе имате голем проблем посебно со овој дел од организирањето на бизнисот, затоа и ви укажувам на ова, посебно да внимавате.
И на крајот, иако постојат бенефиции за да се биде свој шеф и да се има свој ресторан, постојат и сериозни недостатоци, како на примерникогаш да немате слободен ден да поминувате малку време со вашето семејство и сл. Пријателите и семејството можат да ве прогласат за најдобар готвач на светот, но готвењето дома и готвење за гостите во ресторан се две различни нешта .
Затоа не е лошо уште еднаш да размислите.
А ако сте одлучиле за нов ресторан, Ви посакуваме многу среќа!
За подетални информации и помош
можете слободно нам да ни се обратите.