Како вистински да ја вкусите локалната кујна, каде и да сте

by ugostitelstvo.mk

Ви претставуваме неколку едноставни совети од туристички кулинарски експерти за одбегнување на туристички замки и вистинско гастроносмо доживување на вашата дестинација.

Истражувајте

Интернетот го смени начинот на кој  правиме многу нешта во нашиот живот, па така дури и патувањата и јадењето не се исклучоци. Пред да се упатите на аеродром, поминете некое време на интернет. Разгледајте ги мапите, прочитајте осврти за рестораните и пронајдете информации за тамошната традиционална кујна.

Научете ги манирите

Дали знаевте дека во Јапонија, ќе изгледате вештачки и лажно доколку при јадење ориз ги држите вашите стапчиња во исправена положба? Во Франција, крајно непочитување е да побарате да ја поделите сметката од ресторан. Во Кина, подригнувањето е знак на почит кон вашиот угостител и искажување на задоволство за вашиот оброк. Без разлика каде се наоѓате во светот, пристигнете таму вооружени со познавање на локалниот бон тон, па така и вашите домаќини ќе ве примат во нивната култура многу брзо.

 Создадете круг на пријатели каде и да одите

Дури и ако постои јазична бариера помеѓу вас и локалното население, луѓето секаде и речиси секогаш се возбудени и отворени да ја престават нивната земја на новодојдените туристи. Бидете љубопитни кон надворешниот свет. Разговарајте со сите. Дозволете спонатност. Секој и секаде има омилено јадење, ресторан или рецепт. Неверојатно е што се можете да откриете  за едно место, ако пријателски прашате некој странец кое е јадењето што нему  му се допаѓа.

Вкусете нешто на кое не сте навикнати

Уживањето во локалната кујна е полесно да се каже, отколку да се направи. Мора да ја елиминирате мислата дека таму има било каква храна која вие ја мразите. Велејќи за одредена храна дека не ви се допаѓа, само поради вашит навики, си ја кратите можноста за “просветлување”. Со тоа индиректно го осудувате вкусот на вашите домаќини. Можеби храната за која мислите дека не ви се допаѓа, всушност не била приготвена на вистинскиот начин.

Roasted-Asparagus1

Најдете ги локалните пазари

Пазарите често нудат храна со свежи состојки, припремени на традиционален начин, па така ако ја знаете однапред  нивната локација  нема да лутате наоколу барајќи ги  деликатесите. Овие пазари, треба да ви бидат прва станица по пристигнивањето  на новото место, бидејќи нудат широк спектар на прозводи од вашиот нов, привремен дом.

img_5357

Не се плашете од храната која се продава на улица

На многу места низ светот, најдобрите оброци не се служат во традиционалните ресторани, туку од продавачите кои се на тротоарите и кои се специјализирани за едно или две омилени јадења. Секаде во светот, храната „од улица“ е најавтентичното јадење што може  да го добиете.

InsiderEdwardFreemanGet4

Истражувајте надвор од туристичките места

Ова може да делува  очигледно, но лесно може да се заробите во комфорот, особено ако престојувате во срцето на турисстичката област. Затоа, постојат  такси возила  и авотбуси, кои ќе ви помогнат во  истражувањето. Прошетајте низ населбите и најдете ги “маалските” места каде што ќе ја пробате локалната храна.

Обрнете внимание на гостите во ресторанот

Кога избирате место каде да јадете, внимателно погледнете кој веќе јаде таму. Најдобар начин да лоцирате туристичко место е да ги лоцирате туристите. Ако сте во Милано, но сите во кафулето зборуваат англиски, тоа веројатно не е добар знак. Ако сте во ресторан во Буенос  Аирес, а на половина од масите седат луѓе облечени во дресови на Манчестер Јунајетед,  можеби ќе посакате да вечерате на друго место. Ова е случај во кој сосема е во ред  да ја судите книгата, според корицата.

Земете рецепт од домашно зготвен оброк

На многу места, постојат луѓе кои ги отвораат своите домови и нивните кујни на гости кои би платиле. Можеби ќе ви треба малку време да ги пронајдете, но ако најдете нечија баба која ќе ви направи вечера, тоа речиси е гаранција за автентично кулинарско искуство. Покрај искуството од вкусен и уникатен оброк, можеби ќе ви се насмевне среќата и ќе бидете  почестен гостин на семејството во текот на цела ноќ. Затоа понудете се да помогнете околку чиниите, откако ќе заврши вечерата.

Прашајте го вашиот шанкер

Или вашиот такси возач или вашиот портир. Без разлика каде се наоѓате, најдобриот совет за да одлучите каде да јадете, доаѓа од луѓе кои работат во сервисната индустрија. Прашајте ги што и каде вообичаено сакаат да јадат после работа. Каде таксистот вози најмногу луѓе во петок навечер? Луѓето кои работат со и околу добрата храна, се оние кои точно знаат каде е најдоброто јадење  во градот, па така многу е веројатно вие да завршите на место на кое не би отишле никогаш, доколку ја немате оваа прилика.

28brunispan-1-articleLarge

Дозволете експерт да биде ваш водич

Со помош на интернетот вие можете сами да го испланирате вашето патување, но сепак постојат и агенции кои се експерти во оваа област и можат да ви помогнат. Кулинарскиот туризам е развиен насекаде низ светот, па локалните тимови од речиси секој град, ќе ве насочат во вистинскиот правец, ќе добиете  добра резервација или прошетка низ најдобрите места од локалните кујни.

Слични написи