Зошто на вашиот ресторан му е потребен онлајн маркетинг?

by ugostitelstvo.mk

restaurant_app
Доколку сакате да привлечете нови гости во вашиот угостителски објект, тогаш ова е вистинскиот текст за вас.
Оваа статија ќе ве информира за сите испробани методи за онлајн маркетинг во сферата на угостителството.

Маркетиншкото планирање е од клучна важност за доброто функционирање на вашиот ресторан. Успешните сопственици и менаџери на уште поуспешните ресторани однапред ја креираат маркетинг стратегијата за својот бизнис, односно прават маркетинг план за цела следна година и го формираат својот маркетинг буџет за цела една година. Доколку сè уште немате расходи за маркетинг, сега е вистинското време да го направите тоа!

Маркетинг стратегиите за вашиот ресторан можеме да ги групираме во Online и Offline маркетинг стартегии. Во денешно време, со оглед на моменталните трендови околу употребата на интернетот и социјалните платформи, стартегијата за Online маркетинг е многу потребна и корисна за унапредување и промоција на вашиот ресторан.

Online маркетинг стратегија

Време е да почнете да ги употребувате новите можности за промовирање на вашите понуди. Сведоци сме на брзиот развој на технологијата и се позачестената употреба на интернетот како основен извор на информации. Навиките на вашите сегашни и потенцијални идни гости за употреба на интернет треба да играат улога во вашиот маркетинг план. Стратегиите за Online маркетинг отвораат нови врати и можности за промовирање на вашиот ресторан.
stock-photo-online-marketing-promotion-branding-advertisement-concept-271557287

Вашиот ресторан мора да има функционална веб страна

Веб страната за ресторанот е еквивалент на лична карта и силно маркетиншко оружје кое ќе ви помогне во комуникацијата со гостите, промовирање на ресторанот, информирање за дневни или викенд понуди, информации за менито, цените и настаните кои се случуваат во вашиот ресторан. За вашата страна да биде функционална, актуелна и секогаш интересна за гостите таа редовно мора да се дополнува со сите нови содржини и информации поврзани со вашиот локал, да биде оптимизирана за сите пребарувачи како би се појавувала при пребарување на одреден клучен збор од страна на корисниците, но и оптимизирана за сите уреди како компјутери, така и мобилни телефони и таблети, бидејќи денеска луѓето најчесто пристапуваат на интернет од нивните смарт – уреди. Квалитетната ПОС програма нуди опции за ажурирање на менито, понудата и промената на цените директно на вашата веб страница повлекувајќи информации од вашата интерна програма за работа на ресторанот. На овој начин не морате да трошите време на внес на податоци, а информациите на вашата веб страна ќе бидат секогаш апдејтирани.

Запомнете дека и дизајнот на веб страната е важен! Тој треба да биде едноставен, да им овозможува на корисниците лесна навигација низ категориите и сето тоа да биде спакувано во убав и едноставен изглед. Затоа, никогаш немојте да жалите пари за добар веб дизајнер.

Овозможете онлајн нарачки преку вашата веб страна

Доколку имате сервис за достава, тогаш овозможете вашите клиенти нарачките да ги направат преку вашата веб страна како би го зголемиле прометот. Постојат луѓе кои онлајн купувањето го сакаат повеќе од традиционалното, односно луѓе кои попрво би кликнале за нивниот омилен ручек отколку да се јават во вашиот ресторан и да нарачааат. Доколку немате достава, тогаш овозможете им на вашите гости да направат онлајн резервација на маса за да ја полнете постојано базата на податоци и контакти. Не заборавајте дека во алатката за достава и онлајн резервации треба да оставите простор каде вашите гости ќе впишат телефон или контакт меил.

SEO Оптимизација

Бесцелно е да имате одлична веб страна, доколку таа не се појавува кога пребарувате на некој пребарувач клучен поим како на пример, името на градот во кој е вашиот ресторан или “ресторани во Скопје“ . Вашата страна мора да биде соодветно оптимизирана, а тоа значи таа би требало да задоволува одредени критериуми по кои корисниците на пребарувачот ги рангираат како интересни во однос на зададеното пребарување. Некои од критериумите кои се користени за оптимизација се: поставување на линк од вашата веб страна на друга веб страна, вклучување на сликии видео клипови во содржините на вашата веб страна, поставување на клучни зборови т.н. тагови во текстовите на вашата страна и сл…

Употреба на социјални мрежи

Присутноста на друштвените мрежи во денешно време е речиси најважна бидејќи тие се многу важен канал за комуникација со вашите сегашни и идни гости, односно доколку успеете да комуницирате со вашите гости преку социјалните мрежи, тогаш со сигурност ќе го унапредите вашето работење и ќе реазлизирате поголем профит. Направете профили или фан страни на социјалните мрежи како Facebook. G+, Twitter, Instagram, Pinterest и најмалку еднаш неделно објавувајте интересни постови или фотографии на вашите профили. Постирајте за новите понуди, понудете попуст, врзани понуди, најавете настан или објавете фотографија или песна која ќе ја долови атмосферата од вашиот ресторан.
Комуникацијата со фановите на социјалните мрежи може да ја реализирате со поставување на различни анкети или прашања на актуелни теми, организирајте награди игри за фановите, доделете бесплатна вечер за добитниците. Вашите специјални понуди и дневните понуди би требало да бидат неизоставен дел од содржината на вашите постови по социјалните медиуми. Линкувајте ги објавите така што линкот во нив ќе води до вашата веб страна. Побарајте од вашите фанови да споделат некоја објава и со тоа да учествуваат во некоја наградна игра. Дури и ако не успеете веднаш да привлечете нови гости со помош на социјалните мрежи, не паничете се, бидејжи со сигурност ќе направите постојаните гости да се чувствуваат привелигирани и ќе ги задржите на долг рок.
2Brief-Description-of-15-Useful-YouTube-Marketing-Software-Programs

Направете YouTube канал

Овој начин е еден од најинтересните и најоригиналните за онлајн промоција на вашиот ресторан и нема причина зошто не би ги употребиле кога денес речиси секој смартфон има опција за снимање на видео во HD резолуција. Поставувајте интересни кратки видеа од вашиот ресторан. Пренесете дел од атмосферата на вашите следбеници: како луѓето добро си поминуваат во сабота навечер, вашиот главен кувар во акција и слично. Потрудете се вашиот филм да биде забавен и да буди емоции кај вашите YouTube следбеници. Ваквите видео записи брзо ќе се појават на Google и ќе помогнат вашата веб страна да се рангира подобро при пребарување.

Мобилна апликација која им помага на гостите да го пронајдат вашиот ресторан

Интернет навиките на вашите гости се менуваат. Според неодамнешните истражувања, 75 проценти од корисниците на смартфони ги наоѓаат информациите за рестораните додека се надвор и во движење, додека цели 50 отсто тоа го прават додека се во автомобилите. Луѓето денес буквално не се одделуваат од мобилните телефони, па затоа мора да инвестирате во добра мобилна апликација која ќе им помогне на вашите гости да го пронајдат ресторанот и да дознаат зашто би требало да го посетат.

Вашиот ресторан мора да го има на сајтовите и апликациите за туризам и угостителство

Пребарувањето на рестораните на интернет може да биде според неколку категории како на пример тоа може да биде преку мениата, локациите, цените, па дури и атмосферата. Бидете сигурни дека вашиот ресторан има свое место во базите на податоци во специјализираните сајтови и апликации за угостителство. Најчесто користените апликации за оваа намена во светски рамки се: Yelp, UrbanSpoon, FourSquare, OpenTable и TripAdvisor.

Оналјн купони

Своевремено одредени купони за попуст ги наоѓавме во дневните весници, денес – на интернет. Постојат многу интернет страници на кои може да се изврши директно купување на купони за попуст, па размислете за оваа опција и понудете купони за попуст на сајтовите кои нудат вакви опции. Доколку имате солидна посетеност на вашата веб страница тогаш купоните продавајте ги директно на неа, наместо на сајт специјализиран за таа намена.
20151018102213-shutterstock-196005458

E-mail маркетинг

Електронската пошта е еден од најпознатите методи за градење на лојални врски со купувачите. Тајната на успешниот e-mail маркетинг е да потенцирате и одредите јасната стратешка порака. Најнапред, одберете платформа која ќе ви го олесни начинот на комуницирање. Ја препорачуваме MailChimp која е многу едноставна за ракување и со неа може одеднаш истата порака да ја испратите до 2000 меил контакти. Притоа, не заборавајте дека мејловите и телефоните на вашите гости мора да ги имате како би вршеле суптилен и занимлив директен маркетинг преку пораки. Известувајте ги за новините, промотивните понуди и попустите. Трудете се да одговорате на сите пораки од страна на вашите гости најбрзо што можете.

QR код

QR (кратенка за “quick response”) е код кој по својата функционалност наликува на класичните бар – кодови, со една клучна разлика, може да се прочита со помош на мобилен телефон. Користењето на овој код е мошне едноставно. Употребувајте го во менито, на флаерите, автомобилот за достава бидејќи секој корисник кој ќе го скенира ќе има можност да ги дознае потребните информации за вашиот ресторан во вид на слика или текст.

угостителство.мк

Слични написи