Како да го уредите шанкот?

by ugostitelstvo.mk

Како да го уредите шанкот?

Шанковите претставуваат централни места во секој угостителски објект, не само поради нивната функционалност, туку и поради нивниот изглед.
Затоа од големо значење е однапред да размислите за изгледот на шанкот доколку отворате каков било угостителски објект, без разлика дали тоа ќе биде кафуле, слаткарница, ресторан или ланч бар. Ако веќе сте сопственик на угостителски локал никогаш не е доцна да размислите за реновирање како би го извлекле максимумот од шанкот.
На што треба да внимавате ако сакате да имате супер функционален, модерен и уникатен шанк во вашиот локал?kako-da-go-uredite-shankot (2)
Локацијата на шанкот мора да биде централна, односно гостите кои би седеле на шанкот би требало да имаат поглед кон целиот локал. Внимавајте на должината и ширината на шанкот, таа секогаш треба да соодвествува со големината на целиот локал.
По некое непишано правило, луѓето со добар вкус го сакаат тематското уредување. На пример, доколку имате вино-бар одберете елегантни и монималистички решенија за шанкот каде во прв план би дошле шишињата и чашите за вина, шанк на плажа задолжително мора да има бамбусови елементи, шарени цветови, чинии со овошје, шанкот во еден паб би требало да биде со простор за кригли и апарати за точење на пиво итн…
Материјалот од кој ќе биде изработен шанкот исто така влијае не целокупниот изглед на локалот. Доколку сакате да постигнете ефект на топлина, употребете дрво, за ноќните клубови и дискотеките пластиката и металот се попрактични опции и секогаш имајте на ум дека материјалите од кои ќе биде изработен шанкот мора да бидат високо квалитетни.

Доколку сакате вашите гости да се задржат што подолго на шанкот, одберете удобни барски столици кои нема да бидат ниту прениски, ниту превисоки во споредба со шанкот. Дрвените и металните се секогаш полесни за одржување, но тапацираните се поудобни и попривлечни за око.
Осветлувањето над и околу шанкот освен функционално мора да биде и естетско. Какво ќе биде осветлувањето и со која јачина зависи од видот на локалот. Обично, шанковите во пивниците имаат светлечки тела кои се поставени ниско, додека ноќните клубови имаат високо поставени светла. Заборавете на обичните прекидачи, наместо тоа прекидачите со потенциометри се вистинското решение.
Ѕидот во кој гледаат гостите кои седат на шанкот е важен, затоа погрижете се и за него. Можете да ставите полици за пијалаците, огледало со старинска рамка (доколку се вклопува во амбиентот), постер со креативен натпис или модернистичка графика, тапета, рамки со фотографии, изборот секако е голем, само треба да го одберете она што најмногу ќе одговара со типот на локалот и останатиот ентериер. И не заборавајте да го украсите шанкот: вазнички со цвеќе, тековни весници, стаклени декорирани кугли, свеќници…

ugostitelstvo.mk

Слични написи