Втора година по ред во Виница, Парк Пиво Фест.

by ugostitelstvo.mk

Втора година по ред во Виница во организација на Парк Кафе и Хотел Ресторан Александар Парк ќе се одржи Парк Пиво Фест. Настан кој ги слави пивото, германските деликатеси, дружењето и забавата.

Парк Пиво Фест овојпат во два дена ќе понуди уште повозбудлива забава а се очекува да биде поинтересен и попосетен од предходната година. Гостите ќе имаат прилика да го доживеат духот на германската традиција, да пробаат автентични германски колбаси, переци, печени коленици, ребра и бројни специјалитети на скара како и да одберат од големиот избор на пива. За забава до доцна во ноќта ќе се погрижат повеќе бендови и изведувачи.

Дефинитивно настан кој не смеете да го пропуштите!

Слични написи