Успешно завршен натпреварот за бармени во Виница

by ugostitelstvo.mk

На 4 и 5 овој месец во Виница се одржа ,,Вигор бармен куп,,. Организатор на натпреварот беше престижниот Хотел Александар Парк во Виница под покровителство на Вигор.

Натпреварот траеше 2 дена и натпреварувачите се натпреваруваа во две дисциплини , Класика и Флер. Настанот поради неговата атрактивност побуди голем интерес како кај угостителите така и кај обичните граѓани па така истиот беше посетен од голем број на посетители од целата држава.
Неможе, а да не се забележи дека и овој пат натпреварот беше беспрекорно организиран од старна на домаќините Хотел Александар Парк, односно од неговиот менаџерски тим. Со ова уште еднаш се докажа дека во Македонија можат да се организираат сериозни настани и дека на истите можат да се докажат натпреварувачи кои понатака успешно се етаблираат во светски рамки. Како пример можеме да го наведеме Методи Перунковски кој во моментов го држи третото место во светот во категорија ,,пенливи коктели,,

Победници на натпреварот се следните учесници:

Победници во класика:

Прво место – Васил Пеевски

Второ место – Ванчо Стојанов

Трето место – Златко Стојанов

Најдобра стручна работа – Методи Перункоски

Најатрактивен коктел – Благој Богатиновски

Победници во флер:

Прво место – Бобан Васиќ

Второ место – Александар Бошев

Трето место – Филип Арнаудов

Слични написи