Што очекуваат гостите од вашите вработени??

by ugostitelstvo.mk

restoranska hostesa

Што очекуваат гостите??
Многу фактори влијаат на очекувањата на гостите. Очекувањата треба што е можно побрзо и појасно да ги препознате и на нивна основа да ја оформите понудата и услугата.

Очекувањата на гостите произлегуваат од:
• Вредносниот систем на општествениот статус и на културата на која и припаѓаат.
• Ставот и претставата за културата во која гостите престојуваат.
• Личните вредности и ставови.
• Моменталното расположение условено од субјективните и објективните настани.
• Нивните примарни,секундарни потреби и навики.

Давање на квалитетна услуга и сеопфатна грижа за гостите претставува:

• Познавање на културата од која доаѓаат госте.
• Разбирање и прифаќање на спецификите на гостите.
• Препознавање на очекувањата на гостите.
• Добро познавање на производно/услужната дејност на објектот и туристичките дестинации вој престојуваат гостите.
• Комуникациски вештини на мајчиниот и на други странски јазици.
• Одговорност за превземените обврски.
• Способност за препознавање на проблемите и изнаоѓање прифатливи решенија.
• Позитивен став и прифаќање на различностите на културите, вредностите и ставовите.
• Отвореност и добро расположение.
• НАСМЕВКАТА е составен дел на работењето секој вработен кој им дава услуга на гостите.

Со почитување на етичките вредности и со љубезен приод кон гостите вие ќе бидете наградени со нивното задоволство, што пак претставува потврда за вашата професионалност и квалитет.

Секогаш морате да се грижите за вашиот гостин затоа што, ГОСТИНОТ Е КРАЛ

Кралот секогаш ево право.

Немојте да заборавите дека угостителството претставува пред се услужна дејност, збир на активности кој е насочен кон давање на услуги, а услугата во суштина представува грижа за некого.

Самиот корен на зборот представува служење, а служењето е поим кој се поврзува со кралевите.
Давањето на услугата најчесто пртставува извор на посебно задоволство на оној на кого му се дава услугата. Да се направи нешто убаво, пријатно и квалитетно за некого претставува нешто посебно кое неможете да го најдете во другите дејности.
Токму оваа карактеристика прави уметност од угостителството, бидејќи му дава на самиот чин на послужување нова димензија, лично задоволство на личноста која ја дава услугата, а не само на оној кој ја прима истата.

За да се постигне ова треба постојанода тежнеете кон врвна услуга.

Ваквата услуга претставува темел на успешноста на објектот но и основа на перцепцијата во врска со посетената дестинација.
Во смисла на ова квалитетнта услуга треба да ги задоволува , исполнува и ги надминува очекувањата на гостите.

угостителство.мк

Слични написи