Данската пиварница ,,To ul,, (две пива) го претстави својот нов производ – пиво во прав, кој е подготвено да се конзумира насекаде, само треба да се додаде вода.
Основачите на Пиварата Emil Jensen i Tore Ginter рекоа дека со процесот на замрзнување и сушење се врши одвојување на сувата материја на начин кој не го менува вкусот на пивото.

Во овој процес, водата и алкохолот целосно исчезнуваат од пивото, а во правот остануваат шеќерите и протеините, компонентите кои му даваат горчлив вкус и ароматичните елементи.
Карактеристичниот вкус на пивото се враќа во моментот кога на правот ќе му се додаде водата, но за да се да се добие традиционалнит вкус на пиво потебно е да се додаде и алкохол.
Од компанијата велат дека ова пиво е направено за да може да се конзумира и на места каде што е тешко да се обезбеди во класична форма.

И покрај иновативноста напредната верзија на пивото во прав која ќе содржи и алкохол може да биде забранета во земјите што забрануваат да се продаваат прашаци кои содржат алкохол.

Ugostitelstvo.mk

Слични написи