Неколку совети за сите идни шефови на кујната

by ugostitelstvo.mk

Човекот во текот на целиот свој живот учи нови работи, некои од книгите, некои од луѓето. Кога станува збор за професионалната надоградба, советите и искуството од оние кои веќе се докажале во одредена професија секогаш се добредојдени.

Кога станува збор за професијата „шеф на кујна“ важно е да се знае дека таа воопшто не е лесна професија како што навидум може да изгледа. Да се стане врвен шеф на кујна е долг и макотрпен процес кој бара учење, почитување на правила, експериментирање. Тоа не е професија која се учи во читална од учебник, туку во кујна.

Иако искуството е важно, постојат некои правила и совети кои сите идни шефови на кујна би требало да ги знаат, но и сегашните треба да ги практикуваат за да можат да се придвижат скалило погоре кон успехот.
Бидете највнимателната личност во кујната
Ако сте шеф на кујна, знаете дека секој детаљ е важен, од тоа каде се набавуваат манирниците за готвење, па сѐ до тоа како се декорира десертот. Внимавајте сѐ да биде во совршен ред. Водете дневник за сите активности и списоци за набавувачите.

Бидете свесни за пошироката слика
Вие во секое време ја знаете сликата од вашата кујна, но, што е со сликата на целиот угостителски објект? Во еден угостителски објект храната секако е важна, но, гостите обрнуваат внимание и на другите детали како чистотата, приборот, менито… Како шеф на кујна одвреме – навреме иницирајте промени кои ќе ја подобрат сликата на ресторанот.

Едуцирајте се
За да бидете на врвот треба да се движите. Затоа, потребна е едукација. Следете ги светските трендови, посетувајте обуки, семинари, натпревари, конференции, разменувајте искуства со колегите. Сето тоа ќе ве направи уште подобри во својата професија.
Заинтересирајте се за вината и енологијата
Шефовите на кујна секогаш треба да знаат кое вино одговара со одредена храна, на која температура тоа се служи и каков вкус има.

Расчистувајте
Никогаш не ја оставајте кујната во неред, без разлика на тоа колку се брзате. Хигиената е најважна!
Јадете
Нема смисла да создавате вкусови ако не ги пробате. Секогаш бидете сигурни дека храната која ќе се сервира е со вистинската доза на зачини и доволно термички обработена.
Секогаш бидете добро организирани
Како шеф на кујна важно е да бидете добро организирани и во секој момент да знаете каде е одреден дел од кујнскиот прибор или пак кој е следниот ваш потег или на некој од готвачите.

Бидете точни
Покажете точност и принципиелност за да може истите да ги побарате од вашите колеги.

Признавајте ги грешките и бидете искрени
Дури и најдобрите грешат! Доблест е да бидете искрени, да ја признаете грешката и да се извинете.

Слични написи