Мишелин ѕвеѕдичките сон на секој сопственик на ресторан

by ugostitelstvo.mk

Современиот човек секогаш се движи напред, откривајќи нови нешта, дестинации, глетки, вкусови, мириси… Ако за вистинско доживување на дестинациите ни треба туристички водич, за вистинско доживување на гастрономските дестинации ни треба гастрономски водич или Мишелин водичот. Мишелин водичот е еден од најпопуларните во светот и се смета дека тој е најмеродавна оценка за рангирање на рестораните и кујните кои нудат голем квалитет.

Но, како започнува приказната за Мишелин водичот?

Сè започнува во далечната 1899 година кога Андре Мишелин (француски индустријалист и иноватор на Мишелин автомобилската гума) го издал првиот број на Мишелиновиот водич чија цел било сопствениците на автомобили да се информираат за тоа каде да наточат гориво, каде да го поправат автомобилот, но и во кои гостилници имаат оодлична понуда на храна и пијалаци додека патуваат. Андре и неговиот брат Едуард ја пропатувале цела Франција и сите информации кои ги имале ги вметнале во овој водич кој за брзо време станал симбол за кредибилитет и доверба. Само неколку години подоцна, овој водич станува Библија за гурманите, а амбицијата на секој ресторан била да добие место на страните на овој водич. Денеска, овој водич се смета за најзначен и најдобар водич за ресторани и врвни готвачи, а се издава во повеќе од 20 земји низ светот. Секако, Мишелин наградата е реткост.

Да не постоеше Мишелин водичот, оваа компанија која произведува гуми би била уште една во нозата многубројни здодевни компании. Според многумина, Мишелин водичот не само што е одлична реклама за компанијата, туку е и незаобиколен дел од француската култура и национално богатство.

Мишелин ѕвездичките пак, кои ги доделуваат инспекторите на Мишелин водичот се сон на секој сопственик на ресторан или хотел, менаџер или шеф на кујна.

Важни критериуми за рестораните кои се борат за оваа награда се: квалитетот на производите, оригиналност на кујната, вештината на готвење, цена (локалниот стандард ја одредува просечната цена) и верноста на посетителите. Мишелин ѕвездички добиваат рестораните со најдобра кујна, без разлика на нејзиниот вид, а ѕвездите зборуваат за она што е сервирано, не земајќи го во предвид ентериерот, квалитетот на услугата, декорациите и поставувањето на масата.

Иако рестораните се пријавуваат за ѕвездичките на официјалниот сајт на водичот, иснпекторите на Мишелин ѕведичките доаѓаат ненајавено и тајно. Мишелиновиот инспектор ги оценува рестораните така што во тајност го набљудува она што се сервира, водејќи се по пет основни критериуми: квалитетот на состојките во јадењата, вештината на подготвување на храната и комбинацијата на зачини, степенот на креативност на готвачот, конзистентноста во квалитето на храната и пристапноста на цените.

Еден ресторан може да освои од една до три ѕвездички, зависно од условите кои мора да ги исполне за да влезе во тесниот и ексклузивен круг на најдобро рангирани ресторани. Со една Мишелин ѕвездичка, ресторанот влегува во златната селекција на Мишелин и се пласира меѓу 2247 најдобри ресторани во светот. Рестораните кои имаат две ѕвездички се во друштвото на 389 најдобри ресторани, а само 85 ресторани во цветот имаат по три Мишелин ѕвездички што зборува за нивната репутација во светот на угостителството. Инспекторите и по доделувањето на ѕвездичките ги посетуваат рестораните така што доколку ресторан кој има Мишелин ѕвездичка, нуди послаб квалитет за разлика од порано, може да ја изгуби Мишелин ѕвездичката.

Добивањето или губењето на Мишелин ѕвездичката може да го зголеми или намали приходот на ресторанот и до 50 проценти. Борбата за Мишелин ѕвездичка во високите гастрономски кругови, едноставно никогаш не застанува.

Во Македонија засега нема ресторан кој има добиено Мишелин ѕвездичка, но, сопственикот на данскиот ресторан „Нома“, Рене Реџепи кој има македонско потекло може да се пофали со дури две Мишелин ѕвездички.

Слични написи