На Американците никогаш не им недостасувааат луди идеи, па така се одлучија да спојат две, навидум неспоиви нешта: пиво и појадок. Според нив, тоа е совршениот пар.
Имено, две пиварници во Орегон, Montavilla Brew Works и Coin Toss Brewing направија пиво од житарките кои обично ги јадеме за појадок – корнфлексот. Новото пиво е направено од корнфлексот на компанијата Keloggs кој е посипан со шеќер. Пивото ќе се продава под името Frosted Flakes, исто како и корнфлексот од кој е направен овој пијалак.
За ограничената серија на ова пиво биле употребина десетина килограми корнфлекс и засега пивото се нуди на локални манифестации. Дали ова пиво во иднина ќе се најде во масовна продажба останува да видиме.
угостителство.мк