Одржување на зачините

by ugostitelstvo.mk
зачини

Зачините се многу важна состојка во секое добро јадење. Научете како да ги одберете вистинските зачини, како да ги складирате, а и чувате правилно.

Купувајте во одредени количини

зачини1Никогаш не купувајте зачини во преголеми количини. Многу зачини ја задржуваат својата арома и вкус најмногу две години. Затоа добро размислете пред да купите зачини во поголеми количини.

Не ги складирајте на директна сончева светлина

зачини2Чувајте ги на темно место. Силната и директна светлина го има истиот ефект на зачините како и топлината. Многу е лесно да се препознае дали зачиниот кој сакате да го купите бил изложен на директна светлина, потребно е само да погледнете дали бојата се променила.

Свежо наспроти Сушено

зачини3Покрај големиот избор на зачини, постојат свежи и сушени зачини. Избегнувајте го сушениот магданос и сушеното нане – доколку го сакате вкусот на сушена трева можеме само да ви кажеме да уживате во јадењето. Широко познато е дека свежите билки или зачини се секогаш подобар избор и додаток во јадењето.

Направете си домашен зачин

зачини4Испечете си ваш зачин за дополнителен вкус во вашето омилено јадење. Начинот е многу лесен и едноставен. Испечете или тостирајте зачини како што е семето од ким, по печењето оставете го да се олади, а потоа измелете го.

Пробајте нови зачини

зачини5Експериментирањето со храната и зачините може вашите кулинарски способности да ги донесе на повисоко, завидно ниво. Отстапете од секојдневните зачини и навики во готвењето и донесете нешто ново и возбудливо во вашата кујна. Преку готвењето со нови и егзотични зачини, како што е сафранот, ќе се изненадите колку е важна употребата на нови елементи при поготовката на храна.

Слични написи