Како да ја зачувате свежината на кашкавалот

by ugostitelstvo.mk

Кашкавалот како млечен производ кој сите го сакате независно дали како дел од вашата омилена пица или пак од вашиот брз оброк – брза храна. Потребно е да знаете како правилно да го чувате и да го задржите вистинскиот вкус.

Купувајте кашкавал во мали количини

кашкавал1Во моментот кога ќе пресечете парче кашкавал од големото тркало тоа се изложува на кислород и од истиот момент ја губи својата влажност – особено додека го чувате во фрижидер. Добро е познато  дека на кашкавалот му е потребна влажност, а фрижидерот неможе да му го понуди тоа. Токму поради оваа причина не купувајте големи количини на кашкавал доколку  неможете да ги изедете.

Завиткај те го правилно

хартија за кашкавалКористењето на пластична обвивка не е воопшто вистинскиот избор, бидејки кашкавалот е во постојана состојба на промени, пластичната обвивка која ќе ја користите нема да ја испушти влажноста надвор. Додека пак хартијата за кашкавал му дозволува да диши.

Исчистете ја надворешноста

бричено сирењеШто се случува со сите тие мали исечени и вакумирани парчиња кашкавал ? Кашкавалот додека е вакумиран во пластичните обвивки на извесен начин се задушува. Дали ви се случило да пробате кашкавал и да почуствувате вкус на пластика, истиот тој вкус доаѓа токму од пластичната обвивка во која бил спакуван кашкавалот. За да го избегнете тој вкус на пластика земете нож и многу нежно и внимателно излупете го надворешниот слој, откако ќе завршите пробајте едно парче доколку сеуште го има вкусот на пластика направете го истиот процес одново.

Јадете го на собна температура

собна температураЕкспертите рекоа, “Кашкавалот кој се јаде на собна температура секогаш има подобар вкус”. Како јадење кое припаѓа на фамилијата млечни производи, јадењето на кашкавал е здраво, а и препорачливо. Се зборува дека првиот кашкавал бил направен 11 година пред Исус. Нормално во античките времиња не постоеле разладувачки уреди, па затоа мислам дека чувањето на кашкавалот во вашата кујна не претставува никаков проблем или опасност тоа да се расипе.

Слични написи