Кој е идеалниот спој за кремастите супи и чорби?

by ugostitelstvo.mk
чорба

Доколку сте голем гурман веруваме дека секогаш сакате јадењето кое е на вашата трпеза да го споите со вино кое ќе го збогати вашето гурманско искуство, но пред да почнете да јадете размислете убаво кое е идеалното вино кое би одело со вашата омилена чорба или супа, доколку не сте сигурни ние ви предлагаме да одвоите еден момент и накратко да се запознаете со иделниот спој на супите и виното.  

Богато Chardonnay со кремаста пилешка чорба

Кремасто или стручно кажано crème fraîche надополнето со чаша Chardonnay дефинитивно е најдобриот погодок и препорака од големите мајстори во гастрономијата. Виното во себе содржи доволно количество на киселост која лесно може да пробие низ густиот сос и да направи совршен спој од двете состојки. Доколку се одлучите денеска да приготвите пилешка чорба ви препорачуваме на вашата трпеза да имате вино од регионот на Франција.

кремаста супа
Sauvignon Blanc и кремаста супа од домати

Познатите светски ресторани постојано се докажуваат со нови трендови кои се широко прифатени од љубителите на доброто јадење, Спојот на супата од домати заедно со зелените додатоци како нане или магданос независно дали се во ова јадење имаат фантастичен вкус кој со Sauvignon Blanc, би посакале да биде секојдневно дел од вашата трпеза.

Pinot Noir или Cabernet Franc и кремаста супа од печурки

Coq au vin (печурки подготвени во црвено вино) покрај тоа што се подготвуваат во црвено вино, изборот со кој би го надополниле ова јадење е голем, посетете ја вашата најблиска специјализирана продавница за вино и одберете било какво црвено вино кое е идеално избалансирано со овошен вкус и мининален процент на киселост, а потеклото да е од регионот на Франција. Сепак незаборавајте ова јадење е доста флексибилно, што и да одберете нема да погрешите.

супа од печурки
Rieslings со пикантен сос од кокосово млеко

Сосот од кокосовото млеко е густо и кремасто, како и ова јадење, но пикантниот вкус кој го има сосот можете само да го пробиете со суво Chardonnay или со сув Rieslings кој нема премногу саладок вкус и нечесто се еден од најдобрите препорачани вина за зачинетата храна.

Слични написи