Кое масло за готвење треба да го употребувате

by ugostitelstvo.mk
маслиново масло

Има многу различни масла, како опција за готвење и иако има многу од нив кои се здрави, потребно е масло кое и после готвењето – ќе биде здраво за Вас. Кога готвите на висока температура, сакате да користите масло кое не оксидира. Оние масла кои се приложуваат на оксидација, реагираат со кислородот, и формираат слободни радикали и штетни соединенија, кои се разбира не ги сакате. Сепак, да се запознаеме со некои масла за готвење.

КОКОСОВО МАСЛО

Кокосовото масло е дефинитивно на врвот како најдобро масло за готвење. Над 80% од масните киселини во него се заситени, што го прави многу отпорно на топлина. Ова масло е полу-цврсто на собна температура и може да трае со години, без да се расипе.  Има огромни придобивки од ова масло, кое ги убива бактериите и го забрзува метаболизмот. Погрижете се да користите органско кокосово масло.

Coconut oil.

ПУТЕР

Во минатото путерот, не бил многу омилен, но нема потреба зошто денес да не го користите вистинскиот путер. Тој е доста хранлив, иако редовното користење на путер содржи мали количини на шеќер и протеини, што е причина да изгори при висока температура како пржење.

МАСЛИНОВО МАСЛО

Ова масло е доста познато. Истражувањата покажале дека покрај масните киселини со двојни врски, сепак е релативно отпорно на висока температура. Осигурајте се при изборот- тоа да биде екстра девствено маслиново масло. Тоа е многу подобро од рафираното, и има подобар вукс. Чувајте го на ладно, суво и темно место, бидејќи во спротивно може да се расипе.

маслиново масло

ПАЛМИНО МАСЛО

Палминото масло е добро за готвење, поради заситените и мононезаситените масти. Црвеното палмино масло, кое не е рафинирано е најдобро за готвење.

МАСЛО ОД АВОКАДО

По состав слично на маслиновото, може со него да готвите или да го користите ладно.

масло од авокадо

РИБИНО МАСЛО

Рибиното масло е многу гогато со Омега-3 масните кислени. Сепак, поради високата концентрација на полузаситени масти, рибиното масло никогаш не треба да се користи за готвење. Може да се користи како додаток, една лажица дневно. Чувајте го на ладно, суво и темно место.

МАСЛО ОД ЛЕНЕНО СЕМЕ

Ова масло содржи многу растителна форма на Омега-3 и Алфа линоленска киселина. Ако не сте веретаријанец, тогаш Ви препорачуваме да го користите рибиното масло, наместо ова. Поради големиот износ на полузаситени масти, ова масло не би требало да се користи за готвење.

ЛЕНЕНО СЕМЕ

МАСЛО ОД КАНОЛА (МАСЛО ОД РЕПКА)

Ова масло е добиено од семето од репка. Тоа поминува низ многу груби методи на преработка пред да се претвори во финален прозвод. Ова масло не се преопорачува за никаква човечка исхрана.

ОРЕОВО МАСЛО И МАСЛО ОД КИКИРИТКИ

Овие масла се богати со полузаситени масти, кои се лош избор за готвење. Ако се дел од некои рецепти, не гответе на висока температуа.

масло од кикирики

МАСЛА ОД РАСТЕНИЈА И СЕМЕ

Маслото од семе и растенија всушност се индустриски масла, кои се високо преработени и рафинирани. Не само што не треба да се готви со нив, избегнувајте ги и за останатите употреби. Избегнувајте масло од соја, пченкарно масло, масло од памук, канола масло, репкино масло, сончогледово, масло од сусам, шафран масло. Обрнете внимание на етикетите, доколку најдете во некоја храна, вакви масла, слободно одберете нешто друго. И за крај, не купувајте големи залихи и чувајте ги на суво, ладно и темно место, и најважно, добро завртете го капачето од маслото после употреба.

Слични написи