Запознајте се со сенфот Дижон

by ugostitelstvo.mk

Со потекло од Дижон, Франција во 1856 год, истоимениот сенф во овој регион е доста популарен кулинарски избор. Кога Жан Наигон прв го замени вообичаениот оцет како состојка во сенфот, со кисел сок, кој доаѓа од незрело грозје, тој создаде рецепт кој е едниствeн и многу вкусен. Има највисок квалитет кој доаѓа од семе од синап, заедно со останатите состојки кој предизвикуваат уникатен вкус на сенфот Дижон.

delouis-fils-french-dijon-mustard-1S-3063

Некое време, само сенфот кој е произведен во Дижон, можел да го носи самото име, но денес тоа е генерички термин, и затоа секој производ кој е направен од рецепт во Дижон, може да се нарекува Дижон сенф. Еден од начините да се осигурате дека сте купиле сенф со најдобар квалитет, е името Дижон. Grey-Poupon и Maille, компанијата датира од 1700 год во Франција, и се уште може да се најде на оригиналната локација во Дижон. Интересен податок е да се напомене е дека денес семето што го употребува компанијата расте во Канада, и од таму се носи во Франција. Кога би го посетиле седиштето во Дижон, задолжително би биле послужени со сенфот. Grey-Poupon и Maille, компанијата произведува три видови на сенф Дижон и тоа, фино мелен, погрубо подготвен и традиционалниот вкус.

Не е важно кој вкус ќе се избере, не заборајвате дека е добар сенф, обележан со највисок квалитет на семе. Ова е кулинарски избор кој датира со векови, и со себе носи многу историја.

Како да го направите Дижон сенфот во домашни услови? За две телгички:

Состојки:

  • 2 чаши суво бело вино
  • 1 голем кромид, сецкан
  • 3 чешниња лук, мелен
  • 1 чаша сенф во прав
  • 3 лажици мед
  • 1 чаша растително масло
  • 2 лажички сол.

Подготовка: Во сад се ставаат во комбинација виното, кромидот и лукот, заедно да вријат, во период од 5 мин. Додадете го сувиот сенф во готовата течност, мешајќи постојано да се изедначи. Додадете го медот, маслото и солта, мешајќи постојано. Смесата треба постојано да станува се погуста. Кога веќе е доволно густа, се додава во жешка стаклена тегла, и потребно е да стои на собна температура цела ноќ. Потребно е да стои 2-8 недели во фрижидер пред да се користи, за да созрее вкусот правилно.

Добар апетит!

Слични написи