Занимливости за кечапот

by ugostitelstvo.mk

Иако денес основа на кечапот е домат, во минатото тоа не било така. Тогаш се правело кечап од сардини, кромид, остриги, лимон или ореви. Можеби кечапот од остриги или сардини бил тежок за јадење, па затоа најпопуларен бил кечапот од печурки. Тој рецепт се наоѓа во Beeton книгата за менаџмент во домаќинството, објавена во 1861 година.

mushroom ketchupРецептот за кечап бил составен од печурки, сол, бибер, капки од ракија и други состојки. Но сепак, ако не сакате да користите кечап направен од фунги, можеби за вашиот вкус е Филипинскиот кечап, кој содржи банани, што го прави тој да биде посладок. Ако ја забележете чудната кафена или жолта боја на кечапот, не грижете се,поради почит кон традицијата повеќето прозводи се обоени во црвено. Освен кечапот од банани, постојат и други верзии, и тоа од круши, сливи, брусница, манго, јаболко, рен и др. Пет различни вкусови. Најраните верзии на кечапот имале микс на вкусови, и тоа, комбинација на солено и горчливо. Некои рецепти вклучуваат оцет, а некои шеќер. Често ставале во кечапот зрели домати, но не било тоа пресудно. Имало и комбинации на кисел и екстра сладок вкус. Првичната намена била во готвење. Кечапот бил главна состојка во храната како пити и посложени сосови, зачинување на риба, месо и живина, додека тоа сеуште се готви. Само кечапот, во исхраната не се употребувал.

Кечапот како лек

Имате потреба да се отстранат штетните содржини во Вашето тело? Ако барате лек во 19-от век, тогаш барате кечап. Кечапот се сметал за лек околу 1835 година, и бил продаван како ‘astomato’ апчиња. Идејата дошла од д-р Џон Кук Бенет, претседател на медицински оддел на Wiloughby Универзитетот во Охајо. Тој сметал дека доматот може да излечи болести како дијареја, жолтица и да го подобри варењето. Подоцна се открило дека таблетите биле лажни. Не само што не содржеле домати, тие всушност биле лаксативи. Така оваа пилула пропаднала во 1840 година.

contaminated_ketchup

И покрај сомнителните научни докажувања, сепак се дошло до резултат дека состојките во кечапот, помагаат при лекувањето на ракот. Неварените домати не се корисни како варените бидејќи телото го апсорбира варениот домат подобро. Готвените производи имаат повисоки нивоа на ликопен. Ликопенот е антиоксиданс кој според истражувањата го намалува растот на канцерогените клетки.

Побавен од желка

Која е брзината од излегување на кечапот од шишето ? Според компаниите, кечапот тече 0,045 км на час, или околку 13 цм во секунда. За перспектива, желките патуваат со брзина од 0,8 км на час на земјата. Во 1979 година, компанијата Heinz направила реклама, со две момчиња кои нестрпливо чекаат да истече кечапот, од шишето. Подоцна, рекламата е прогласена за најдобра реклама на 20тиот век.

huge-ketchupНајголемото шише за кечап во светот

Во Илионоис е направена најголемото шише, за кечап со големина од 21,4 метри, а резервоарот широк 30 метри.
Најголемото пакетче за кечап во светот. Во Гинесовата книга на рекорди, како најголема кесичка, полна се кечап, стои ‘кесичката’ од Heinz, кои во 2007 направиле корито полно се кечап. Внатре ставиле 480 литри кечап, било високо 2,4 метри, 1,2 широкот и 9,5 цм дебело.

Чистење и полирање со кечап

Кечапот е кисел, бидејќи содржи домати со оцет. На задоволство кај жените, таа киселост значи ефтино полирање и чистење, посебно на метали. Тенџерињата и тавите избришете ги со кечат, нека постојат 10мин, а потоа исплакнете со вода. Исто така кечапот е многу ефикасен за бронза и бакар.

Универзална употреба.

Денес, кечапот се користи речиси во секоја храна, вкулучувајќи ги пијалоците и слатките. Користете го во пржено пилешко, како сос за тестенини, во некој коктел, или десерт. Забавувајте се, и комбинирајте !

Слични написи