Туристички дестинации кои се уништуваат од туристите. За искусен патник, идејата за пронаоѓање место, во голема мера се води според својата желба, можност и упорност. Често пати има места кои туристите сакаат да го посетат иако тоа се тешко достапни места, или скриени на некои непожелни простори. За некои земји одржливиот туризам е многу значаен, сепак, некои од нив доживуваат колапс бидејќи нивните најатрактивни дестинации биле уништени- токму од туристите.
Cozumel, едно од најполуларните дестинации за нуркање во Мексико, на островот Cozumel- претставува област која е пријатна за престој, со бели песочни плажи и тиркизни води, кои се главна причина за посетителите на ова место, нудејќи им на туристе да го испитаат еден од најзабележителните гребени на светот. Со должина од 1000 км, крајбрежните области на Мексико, Белизе, Гватемала и Хондурас, се дом на различни корали, уникатни видови на морски живот, ајкули и други риби. Туристичкиот бум поради популарноста на гребенот, и поради постојаното крстарење на огромни туристички бродови, довело до затоплување на водата на Cozumel и создавање на моќни урагани што ги опустошува гребенскиот ранлив екосистем. Иако била покрената инцијатива за контрола на влијанието на масовниот туризам, се уште се забележуваат ефектите од промената на климата во морето.
Machu Pikchu, самото име означува човек и врв, односно човек на врвот. Machu Pikchu е планински локалитет, кој се наоѓа во перуанската провинција Урубамба. Откирен во 1911 година, се наоѓа на околу 2430 метри надморска висина и е еден од најпознатите знаменитеости на Јужна Америка. Многу од оригиналните структури се обновени и реконструирани, самиот туризам доволно влијае на градбите. Иако е едно од 7-те светски чуда во 2007 година, УНЕСКО беше принуден да размисли за ставање на ова наследство на листата на загрозени. Поради својата старост, со постојаното пристигнување на нови туристи, градбите се оштетуваат.
Венеција, гондолата претставува симбол и слава на Плоштадот Свети Марко во Венеција, со својата атракција, ги надмина многу други туристички центри, денес Венеција е меѓу најпознатите туристички дестинации во Италија. Италијанскиот град е составен од 118 острови, кои се поврзани преку мрежа на канали и мостови, кои се изградени на венецијанската лагуна. Со повеќе од 60.000 посетители на секој ден, врвната дестинација доведена е во опасност, поради плимата и осеката кои ги поткопуваат структурите на Венецијанските темели. Така, поради големиот број на туристи, голем број на локални жители го напуштиле местото, земајќи со себе дел од автентичноста на локалната култура. Додека економијата во Венеција е високо зависна од туризмот, обемот на штета кое се нанесува на ова место, континуирано ќе продолжи да расте.