Белградскиот хотел “88 соби”, кој работи во рамките на хотелската компанија MK Mountain Resort, е добитник на сефтификат за квалитет, доделен од страна на сајтот TripAdvisor.
Наградата се доделува петта година по ред врз база на исклучителни резултати во угостителството, на објеките кои добиваат највисоки оценки од страна на посетителите. Меѓу добитниците на сертификати се наоѓаато објекти за сместување, ресторани и туристички атракции низ светот кои постојано им пружаат најквалитетни услуги на посетителите.
При изборот на победниците, популарниот туристички сајт користи алгоритам за избор кој опфаќа квалитет и квантитет, а клучна е оценката на посетителите кои го даваат своето мислење во период од 12 месеци. Белградскиот хотел „88 соби“ е отворен во февруари, минатата година во центарот на градот и минатата зима беше прогласен за најпопуларен хотел во Србија, исто така според сајтот TripAdvisor.