Совети за успешна достава на храна

by ugostitelstvo.mk

Од ден на ден се повеќе угостителски објекти во својата понуда вклучуваат и доставување на храна. Доставувањето на храната може да биде до домовите на нарачателите, до нивните работни места или сл. Како и да е, ова збогатување на Вашата понуда може значително да Ви ги зголеми приходите на месечно или на годишно ниво, при тоа без посебно да влегувате во дополнителни инвестиции.

Секако пред да се одлучите за ваков предизвик потребно е да се преиспитате дали сте воможност да одговорите на ова. Немојте да се водите само од идејата или од вашата желба за достава на храна, потребно е да направите детална анализа на вашиот капацитет на работење и тоа од неколку аспекти: Прво, треба да земете предвид дали ќе можете да одговорите на барањата од аспект на персонал, потоа треба да проверите дали имате доволен капацитет во кујната и се разбира неминовно е да го решите проблемот со дистрибуцијата на храната.

0449

Кога сме кај дистрибуирањето на храната, морате да водите сметка за квалитетеот на храната за пакувањето, термичката состојба како и декорацијата. Имајте на ум дека припремената храна во ресторанската кујна нема да биде иста и кога ќе ја доставите до вашиот нарачател. Во последно време често се случува доставената храна нарачателот да ја врати затоа што не е во онаа сосотојба како што сте ја претставиле на вашиот флаер или не е доволно топла, односно се изладила додека сте ја дистрибуирале. Исто така, при доставувањето на храната не смеете да го занемарите и факторот време. Доцнењето при доставата се случува најчесто поради големата гужва во сообраќајот, но тоа секако клиентите нема да го прифатат како оправдување за вашето доцнење.

57438120

Освен овие работи има уште неколку аспекти на кои би требало да обрнете внимание со цел по успешно да ја направите вашата анализа за идниот бизнис:

Внимавајте на менито! Немојте во понудата за достава да ставите се што приготвувате во вашиот ресторан, можете да ги одберете јадењата кои можат лесно да се транспортираат, а притоа да не изгубат од формата, квалитетеот, топлината или декорацијата.

– Многу ќе биде храбро да си поставите за цел да вршите достава на целата територијата на поголемите градови, како на пр. во Скопје. Се разбира, вие можете тоа да го понудите но дали ќе доставите квалитетно, тоа е веќе друга работа. Добро е да почнете во помал реон, па понатака да се ширите на поголема територија.

Рекламата е една од работите што треба да ја направите што е можно поуспешна и со поголем ефект. Освен достава до дома, понудете и во блиските фирми достава на храна за појадок или за ручек. Се разбира, тоа може да биде со однапред договорено мени, со одреден попуст или со плаќање на крајот од месецот. Рекламирањето можете да го направите со печатење на флаери кои ќе ги делите во реонот каде ќе почнете со дистрибуција. Освен печатење на флаери, мора да имате направено интренет страница или FB профил, каде ќе ги пласирате сите информации за вашето мени и преку која ќе можат клиентите да ја вршат порачката. Добро е, ако можете, да поставите на интернет страницата и електронско плаќање. Немојте да заборавите, на интернет страницата, задолжително да ставите регистрирање на новите корисници. Тие тоа ќе го направат со оставање на е-маил адреса, што понатака ќе ви биде корисно за директна комуникација со клиентите при испраќање на посебни понуди или попусти на вашите призводи.

– Посебно внимание треба да обрнете на амбалажата. Амбалажата треба да биде едноставна, лесна за затворање и отворање, соодветна на храната што ќе ја пакувате. Треба да биде брендирана со контакт информации од вашиот ресторан, тремички изолирана и да биде во согласност со HACCP стандардот. Исто така, не треба да биде премногу скапа затоа што таа најногу ќе се троши.

– Изработете база на телефонски броеви која во иднина ќе ја користите за испраќање понуди или попусти. На вашите редовни клиенти, или на оние што ќе порачаат поголема количина храна, давајте им попуст или гратиси. Немојте да давате попуст при првото купување, еднаш ако дадете попоуст клиентите ќе очекуваат секогаш да го правите тоа за нив.

И НА КРАЈОТ, НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДЕКА КОГА ЌЕ ГИ ОТВОРИТЕ ТЕЛЕФОНИТЕ ЗА ПОРАЧКА НА ИСТИТЕ ЌЕ ТРЕБА И ДА ОДГОВОРИТЕ!

Со среќа!


За повеќе информации и консултации:

Regent Club – Training Center

тел. 02 / 3119-615
[email protected]

Слични написи